Лов на бубачки

Потребни материјали: пенкало, хартија.  

Што можете да правите заедно: Одете во двор или парк и одберете место за лов на бубачки – на пример под дрво, до грмушка, тревник или крај езерце или баричка. Побарајте од децата внимателно (и тивко) да ја истражат околината и да бараат инсекти и бубачки. Дали можат да видат бубачки во тревата, под камењата, на листовите или гранките од дрвјата? Побарајте да ги нацртаат и да ги опишат како изгледаат бубачките. Откако ќе завршат со возбудливиот лов, можете да отидете во најблиската библиотека (или да побарате на интернет) за да откриете повеќе за секоја од бубачките?! 

Научниците процениле дека за секое човечко битие на планетава има околу 200 милиони инсекти! 

Што учи вашето дете: Однесете го детето во лов на бубачки за да ги открие неверојатните суштества на кои парковите и градините им се дом! Децата ќе бидат одушевени од зуењето, лазењето и летањето на овие живи суштества околу нив. Оваа активност е одлична за подобрување на вештините за набљудување и концентрација, а истовремено учат за фасцинантниот живот на дивите суштества во вашето опкружување.