Мали ракоплескања

Потребни материјали: Меко ќебе или стол (по избор); песнички

Што можете да направите заедно: Од првите денови на животот, вашето бебе почнува да учи да го препознава и да го контролира своето тело, и иако е тоа долготраен процес, ако погледнете внимателно, ќе видите како вашето малечко се обидува да си ги држи неговите мали рачиња. Со овие игри, можете да му помогнете да ги подобри своите моторни вештини.

Пред да започнете, мора да го подготвите местото за играње. Поставете ќебе или столче на пријатна површина. Поставете го вашето бебе на ќебе и седнете близу до него за да може да ве види. Започнете со пеење песнички додека играте со неговите раце и прсти. Може да пробате една од следниве песнички:

Штом си среќен, плесни ти со рачиња (плескајте).

Штом си среќен, плесни ти со рачиња (плескајте).

Штом си среќен тогаш знаеш, како радост да ни дадеш

Штом си среќен, плесни ти со рачиња (плескајте).

Можете да го кажете името на вашето бебе кога и да му се допаѓа тоа. Запомнете секогаш да ги држите и да ги движите рацете на вашето бебе многу внимателно и нежно.

Што учи вашето дете: Оваа активност му помага на вашето малечко да ја развие својата координација очи-раце, моторна контрола и да иницира социјални интеракции со гугање.