Модерен костум
Потребни материјали: Ќебиња, чаршафи, марами, капи, ролна тоалет хартија или метална фолија, перики, маски, костуми за маскендаб.
Што можете да правите заедно: Ставете ги сите материјали на средина на собата во некоја кутија. Договорете се секој да земе по едно парче од кутијата и да направи костум од него, а на крај изберете го најдобриот.
Ако вашето дете сака да направи специфичен костум, на пример - да биде робот, помогнете му да ја изрази својата креативност со виткање на картонски кутии со метална фолија. Кога ќе вложите време и труд во креирање на костумот кој вашето дете го замислило, ќе сака да го носи и надвор на маскенбал!
Доколку немате специфични костуми, предложете тема - на пример: вселена.
Што учи вашето дете: Оваа активност се базира на играње улоги! Дајте им на децата шарени материјали со различна текстура и набљудувајте што се можат да направат од нив. Можат да ги прошетаат своите креации на пмодна ревија дома или на маскенбал. Децата ја имаат моѓта да бидат се она што сакаат да бидат!