Моите први чкртаници
Потребни материјали: Парче хартија, материјали за цртање или пишување (моливи, боички).
Што можете да направите заедно: На оваа возраст, повеќето деца не можат да цртаат „реални“ слики, но сакаат да чкртаат на хартија. Можеби вашето дете започнало да го прави ова пред неколку месеци, а сега можете уште повеќе да го охрабрите чкртањето. Дајте му доволно време да го прави тоа само со ставање големо парче хартија на рамна површина, со неколку боички. Детето ќе земе боичка и ќе почне да црта на хартијата. Доколку вашето дете почнало да го прави ова претходно, веројатно ќе забележите како се побрзо чкрта.
Дозволете му на вашето дете доволно време да ги користи материјалите на кој било начин, како што тоа сака. Може да му кажете „Види колку многу работи си нацртал со боичките. Гледам голем круг, а таму долга, долга линија! “ Доколку е можно, може да залепите неколку „цртежи“ на вашето дете каде што подоцна вие и семејството може да им се восхитувате.
Што учи вашето дете: Овие искуства се почетни чекори кон цртање и пишување. Вашето дете добива поголема контрола врз малите мускули на неговите прсти и раце. Исто така, тоа почнува да воспоставува врски помеѓу она што неговиот мозок размислува (остава долга трага) и она што го прават неговите прсти. Исто така, го стимулирате развојот на неговиот говор кога користите зборови за да опишете што прави вашето дете.