Моите први приказни

Потребни материјали: Сликовници, по можност со големи ислустрации.

Што може да правите заедно: Оваа недела прочитајте му на бебето барем две приказни на ден. Секој ден, кажувајте му ја истата приказна кога ќе се разбуди и додека заспива. Бебето треба да ги гледа сликите во сликовницата, да го слуша вашиот глас и да ги набљудува гримасите кои ги правите додека му читате. 

На возраст од 4-6 месеци, оваа активност го стимулира вашето бебе да се обиде да каже некои од самогласките во приказната.

Доколку бебето ви одговори со гугање или некој збор, започнете разговор со него и прашајте го за што ви зборува. Можете да разговарате со него и да почекате што ќе ви одговори со испуштање на звуци, а потоа да му ги покажете сликите во сликовницата, кажувајќи му нешто за приказната. 

Што учи вашето дете: зборовите кои бебињата ги слушаат се многу важни за развој на нивниот говор, кој е клучен дел од целокупниот социјален развој.