Мојот специјален помошник

Потребни материјали: Секојдневни предмети или други материјали што се користат во домаќинството. На пример, чиста здиплена облека; играчки или други предмети со кои си игра вашето дете; лажици, пластични чаши или други предмети за јадење; материјали кои можат да се најдат во градината, како што се паднати лисја

Што можете да направите заедно: Побарајте од вашето дете „да ви биде „специјален помошник“. Кажете му на пример „Ми треба помош за да ги тргнеме чорапите. Овие ќе ги ставиме во шкафот на сестра ти; овие во твојата фиока. Може да ги тргнеш овие настрана? Колку многу ми помагаш. Ти благодарам!"

Овој вид активност може да биде дел од вашите рутински работи секој ден, со различни материјали и задачи. 

Што учи вашето дете: Вашето дете учи да соработува, а тоа што им помагате на другите членови на семејството го радува. Вашето дете исто така учи да следи едноставни упатства и учи имиња на повеќе предмети. Тоа учи како да подредува или групира работи, исто така - на пример, може да го замолите вашето дете да ги најде сите многу мали чорапи и да ги стави во еден куп, а поголемите чорапи во друг куп.  Направете го ова на забавен и пријателски начин, ова не е тест.