На буквата, на буквата...

Потребни материјали: Не се потребни  

Што можете да правите заедно: Договорете се кој ќе игра прв - тој/таа ќе треба д аодбере предмет од најблиската околина што можат сите да го видат и да ја каже првата буква од предметот. На пример, “На буквата, на буквата ‘С’…” Останатите играчи потоа погодуваат кој е предметот што првиот играч го гледа. Играчот кој точно ќе го погоди предметот кажува буква за нов предмет. 

Не е забавно доколку предметот што че го одберете се губи од вид брзо – одберете предмети што ќе останат во вашиот видокруг подолго време. 

Што учи вашето дете: Оваа класична игра од детството ги охрабрува децата да обрнуваат особено внимание на својата околина додека се обидуваат да го погодат замислениот предмет. Одлична е за развој на вештини за набљудување додека сте на подолго патување!