На нозе - игри за одење
Потребни материјали: Играчки, поголеми картонски кутии, топка, па дури и чисти чорапи завиткани како топка.
Што можете да направите заедно: Ако детето веќе застанува самостојно во стоечка положба, ставете ги играчките на софа или цврста маса (што нема да се преврти) за да може бебето да застане покрај нив и на тој начин да вежба стоејќи додека игра со своите играчки. Пронајдете голема кутија во која бебето може да ползи и исто така да излезе. Може да ја ставите омилената играчка во кутијата за да му предизвикате дополнителен интерес. Останете близу и разговарајте со вашето бебе за тоа што го прави: „Ти си внатре! А сега си надвор! “ Може исто така да се преправате дека кутијата е „вагон“ и да ја буткате и повлекувате низ собата. Ова е особено забавно за бебето во зимските месеци кога излегувањето надвор е ограничено.
Играњето топка со бебето е уште еден начин да се поттикне одење. Фрлете ја топката кон бебето. Помогнете му на бебето да ја врати топката кон вас. Во зависност од возраста, бебето дури може и да ја фрли топката, па мало топче за на плажа или некоја друга мека топка се одлични за оваа игра.
Овие активности можете да ги користите секогаш кога имате слободно време за игри. Вашето дете ќе ви покаже кога е заинтересирано и мотивирано да оди; на вас е да го следите и поддржувате.
Што учи вашето дете: Оваа активност го охрабрува вашето дете да оди и да вежба одење ако му фрлите топка.