Нагоре и надолу заедно
Потребни материјали: Не се потребни
Што можете да направите заедно: На оваа возраст, вашето дете може само да започне да се обидува да се качува по скали (во вашиот дом или на некое друго место, ако дома немате скали). Може да измислите кратка песничка останувајќи близу до вашето дете додека тоа се обидува да се качува нагоре или надолу. На пример: „Сега одиме нагоре-нагоре. Сега одиме по скалите. Мама (или тато) и јас заедно! “ Може да ставите играчка или друг мал предмет на повисоките скали за да го задржите интересот на вашето дете за качување. Може да го придржувате детето со рака за безбедност, да застанете на следното скалило или да го храбрите одзади, секогаш останувајќи доволно блиску за да тоа биде безбедно.
Што учи вашето дете: Вашето дете ја зајакнува неговата физичка координација. Исто така расте неговата сигурност дека семејството ќе му помогне да научи нови работи и да остане безбедно.