Најдов две! Или три!
Потребни материјали: Секојдневни предмети што можат да се најдат во вашиот дом: лажици, делови од облека, книги или списанија, боички или моливи.
Што можете да направите заедно: Заедно тргнете во лов на „два“ или „три“ предмети. За почеток, можете да кажете: „Погледни ги лажиците. Можеме ли да најдеме ДВЕ лажици? Еј, еве една, и еве друга. Тоа се ДВЕ лажици! “ Потоа, можете да го поканите вашето дете да најде „уште две лажици“. Ставете ги заедно. Друг пат, барајте нешто различно, на пример јаболка - „ајде да најдеме ДВЕ јаболка, една за тебе и една за мене!“
Во зависност од интересот и вештината на вашето дете, може да пронаоѓате и броите поголем број предмети. Секогаш користете предмети што го интересираат вашето дете и имаат секојдневна употреба. Активноста може да биде дел од секојдневната рутина, како подготовка на оброк - „те молам, најди три чаши, една за тебе, една за мене и една за баба“. Понекогаш вашето дете исто така може да ужива во цртање на (на пример) две јаболка. Можете да побарате „два“ или „три“ различни предмети во едно списание и, ако е старо списание, да ги исечете и залепите сликите.
Што учи вашето дете: Вашето дете развива разбирање за броевите - не само броење по сеќавање, туку и поврзување на тие броеви со вистински групи на предмети. Правејќи го ова дел од секојдневниот живот, му помагате на вашето дете да стане љубопитно и желно за математика, дури и на оваа рана возраст. Истовремено, вашето дете разбира повеќе за тоа како предметите можат да „припаѓаат заедно“ - дел од учењето како да се сортираат и класифицираат.