Научете да медитирате

Потребни материјали: Не се потребни.  

Што можете да правите заедно: Седнете ма удобно, познато место заедно со децата и кажете им да ги затворат очите. Можете да им дадете да држат некој предмет додека медитираат, како на пример перниче, ќебе или плишана играчка. Охрабрете ги да дишат природно и да се опуштат.  

Побарајте да се фокусираат на слушање на сопственото дишење и да почувствуваат како се опушта нивното тело. Охрабрете ги да се опуштат и да ја отстранат целата напнатост од сопственото тело.  

Запрашајте ги да замислат нешто што ги прави да се чувствуваат среќни и опуштени. На пример, тоа може да биде просторија полна со миленичиња, мирисот на омиленото јадење или моментот пред да отворат некој подарок. Охрабрете ги да се обидат да ги задржат своите мисли на тоа среќно место и да се обидат ништо да не им го одвлече вниманието. Обидете се да им ја задржите концентрацијата најмалку една минута, а потоа зголемувајте го времето секој нареден пат. 

Медитацијата се практикува илјадници години! 

Што учи вашето дете: Медитацијата е смирувачка активност која ги учи децата да се ослободат од надворешните грижи и притисоци, едноставно да се почувствуваат свои. Ова е одлична вештина која се учи на било која возраст и може да помогне за справување со стрес, анксиозност и зголемување на свесноста.