Нега на папочна врвца
Папочна врвца на вашето бебе: што да очекувате
По раѓањето на вашето бебе, папочната врвца се сече. Акушерка става пластична стега на остатокот, а стегачот се отстранува по ден или два, кога папочната врвца ќе се исуши и зарасне.
Во текот на првите неколку дена по раѓањето, остатокот ќе стане потемен и ќе се исуши, и на крајот ќе падне. Понекогаш се потребни една или две недели. Ако остатокот не падне по повеќе од 3 недели, можете да проверите со патронажната сестра.
Додека остатокотт се суши и веднаш откако ќе испадне, може да забележите како истекува течност околу него. Течноста може да биде бистра, леплива или кафеава, и може да остави трага на облеката или пелената. Исто така, може да мириса малку. Ова е нормален дел од процесот на лекување.
Чистење и грижа за папокот на бебето
Измијте ги рацете пред да ракувате со остатокот од папочната врвца и избегнувајте да го допирате секогаш кога е можно.
Користете вода за да ја одржите чиста областа на папокот. Обично не треба да користите сапун, креми, антисептици или алкохол за да го исчистите, и не треба да го завиткувате.
Проверете дали остатокотт правилно се суши после капење. Остатокот од папочната врвца ќе се исуши и ќе заздрави многу побрзо ако го изложите на воздух колку што е можно повеќе. Обидете се да не го покривате со завои и пелени. Свиткајте ги пелените надолу и подалеку од остатокот ако можете.
Ако остатокот се намокри од мокрача или измет, измијте го со чиста вода и неутрален сапун со висока pH вредност.
Никогаш не обидувајте се да го отстраните остатокот, дури и ако изгледа дека е подготвен да падне.
Папочен гранулом
Штом падне остатокот од папочната врвца, кај некои бебиња може да се развие папочен гранулом. Ова обично изгледа како мала розова или црвена грутка каде што треба да биде папокот. Понекогаш од грутката може да истекува течност.
Папочниот гранулом е обично безопасен, но треба да побарате од вашиот лекар или патронажна сестра да го прегледа.
Папочна кила
Ако кај вашето бебе се појави испакнатост или оток во близина на папокот, тоа може да биде папочна кила. Папочната кила честопати е позабележителна кога бебето плаче или се напрега да врши нужда. Ова обично не е опасно и не го повредува вашето бебе.
Папочната кила веројатно ќе се затвори сама во првите две години од животот, иако некои остануваат отворени до петтата година или подолго.
Инфекцијата на остатокот од папочната врвца може да биде сериозна компликација, затоа, посетете го вашиот доктор што е можно поскоро ако неговата околина се топла, зацрвенета или отечена и/или ако вашето бебе има треска или на друг начин не е добро, или ако се уште гледате леплива течност неколку дена откако паднал остатокот.