Непрехранбени алергии кај деца
Алергии на храна
Многу деца се алергични на обичните работи во нашите домови и животната средина, како на пример прашина, убоди и каснувања од инсекти, миленичиња, трева, плевел и полен. Симптомите на алергија можат да бидат благи, умерени или да предизвикаат тешки реакции.
Ако мислите дека вашето дете може да има алергија, разговарајте со вашиот матичен лекар или педијатар кој може да ве упати кај специјалист за алергија, кој ќе го процени вашето дете користејќи неколку методи, вклучувајќи:
- Кожен тест: кожата на детето ќе биде избоцкана со посебен уред кој изгледа како чепкалка за заби и содржи капка специфичен алерген. Ако се појави црвенило на местото каде што кожата на детето е боцната, вашето дете веројатно има алергија.
- Тестови на крв: За да се потврдат специфични IgE антитела (антитела што предизвикуваат алегиска реакција) насочени кон одреден сомнителен алерген. Ако крвта на вашето дете има голема количина на овие специфични антитела, тоа веројатно има алергија.
Лесна или умерена алергиска реакција
Симптомите на блага или умерена алергиска реакција обично вклучуваат еден или повеќе од следниве симптоми:
- осип и/или чешање
- оток на лицето, очите или усните
- пецкање во устата
- егзема, поленска треска или симптоми на астма - овие симптоми може да бидат полоши од вообичаеното
- дијареа, болки во стомакот или повраќање.
Што да направите за благи до умерени реакции
Ако мислите дека вашето дете има блага до умерена алергиска реакција, можете да му дадете препишана доза на антихистаминик.
Всушност, секогаш е добра идеја да имате антихистаминик во комплетот за прва помош дома.
Лесни и умерени алергиски реакции се чести, но смртните случаи од алергиски реакции се ретки. Смртните случаи може да се случат кога има задоцнување во давањето на лекови кога лицето има реакција.
Тешка алергиска реакција или анафилакса
Тешка алергиска реакција се нарекува анафилакса. Симптомите може да вклучуваат еден или повеќе од следниве:
• тешко или бучно дишење
•оток на јазикот и грлото или затегнатост
• проблеми со зборувањето или рапав глас
• отежнато дишење или постојана кашлица
• постојана вртоглавица или несвестица
•бледило и малаксаност (кај мали деца)
• низок крвен притисок
• дијареа, болки во стомакот или повраќање по каснување или убод од инсекти.
Анафилакса е опасна по живот алергиска реакција и потребна е итна медицинска помош. Ако вашето дете има анафилактична реакција, прво легнете го на рамна површина или држете го да седи. Не дозволувајте да стои или шета наоколу. Доколку имате, дајте му адреналин со авто-инјектор како EpiPen и веднаш повикајте брза помош
Алергии на лекови
Вашето дете може да развие осип или оток кога зема лекови на рецепт како антибиотици. Ова се случува затоа што детето е алергично на лекот. Но, понекогаш осип и оток може да бидат предизвикани и од основната инфекција, наместо алергија.
Ако вашето дете има дијареа или повраќање по земањето лекови, веројатно не е алергиска реакција. Поверојатно е тоа да е предизвикано од болеста или од ефект на лековите врз стомакот.
Реакциите на вакцините на местото каде што се инјектираат се чести и обично вклучуваат болка, црвенило и оток. Детето исто така може да добие блага треска. Вистинските алергиски реакции на вакцините се многу ретки.
Ако вашето дете има реакција на некој лек, најдобро е да разговарате со вашиот матичен лекар или педијатар.
Примери за најчести алергени:
Алергија на прашина
Микорорганизмите во прашината (грини) ги има во речиси секој дом, освен во суви и високи региони (области повисоки од 1.500 метри надморска височина). Тие живеат во топли, влажни места како душеци, перници, меки играчки, мек мебел и теписи.
Вообичаените симптоми на алергија на прашина вклучуваат поленска треска, егзема и астма.
Алергиите на прашина не се сезонски - тие се случуваат во текот на целата година.
Превенција
Најдобро е да се фокусирате на креветот и спалната соба на вашето дете. Можете да ги намалите грините за прашина во овие области со:
• покривање на креветот на детето со специјален чаршав кој штити од прашина, кој ќе ги задржи грините од детето додека спие
• перење на чаршафи и перници секоја недела на минимум 60° C
• перење на ќебиња и чаршафи против прашина на секои два месеци во топла вода
• отстранување на сите меки играчки од спалната соба, или нивно перење еднаш неделно.
• обидете се да немате теписи во вашиот дом секаде каде што е можно или често да ги чистите со правосмукалка.
Алергија на миленици
Децата можат да станат алергични на влакна, првут и плунка од животни како мачки, кучиња, коњи и зајаци.
Превенција:
Ако миленичето е проблем за вашето семејство, најдобриот начин вашето дете да избегне контакт е да го чувате миленичето надвор. Не дозволувајте да спие на креветот на детето или да престојува во неговата соба.
Алергии на трева, плевел и полен
Овие алергии имаат тенденција да бидат полоши во пролетните и летните месеци, кога тревите и другите растенија цветаат.
Превенција
• Затварање на прозорци и врати затворени и престој во затворен простор во денови со висока концентрација на полен и за време на ветровити денови
• Бањање на детето веднаш по играње надвор, особено ако детето се чувствува нервозно.
Алергија на латекс
Алергија на латекс се јавува кога вашето дете развива црвенило, осип или оток по контакт со производ кој содржи латекс. Тоа можат да бидат балони, гумени ракавици, бебешко шише или цуцла.
Ако вашето дете има алергија на латекс, ќе треба да им кажете на сите медицински, стоматолошки и други здравствени работници кои го прегледуваат детето и тие мора да избегнуваат користење на латекс производи.
Некои луѓе имаат анафилактична реакција на латекс. Ако вашето дете доживее некој од знаците и симптомите на анафилакса, поставете го на рамна површина, дајте му адреналин со авто-инјектор (ако ви е претходно препишан) и повикајте брза помош.