Кашлица
Причини за кашлица
Постојат многу причини за кашлица кај децата, вклучувајќи:
- вирусни инфекции како настинки и грип
- бактериски инфекции на респираторниот тракт (ретки случаи)
- иритации како ладен воздух, чад, загадување или вдишување на страно тело
- алергии и астма
- психолошки причини како на пример навика за кашлање.
Досега најчеста причина за кашлање е вирусна инфекција, кога кашлицата обично се јавува како дел од настинката.
Следната најчеста причина за кашлање е астма.
Другите причини за кашлица се релативно ретки и невообичаени.
Симптоми на кашлица
Симптомите варираат во зависност од причината за кашлицата.
Кашлицата што следи по настинка обично е послаба и проследена со слуз. Честопати се влошува навечер. Тоа е така бидејќи при состојба на лежење (навечер), слузта тече од задниот дел на носот и устата во други делови од дишните патишта.
Кашлицата при астма најчесто се влошува навечер и после вежбање. Отежнатото и тешко дишење, може да се проследени со недостаток на воздух.
Чујна, рапава кашлица може да е знак дека детето има напад на астма.
Доколку кашлицата почне одеднаш, а е проследена со звук на „свирење“ од градите, при што следи епизода на задушување, детето можеби вдишало туѓ предмет.
Доколку кашлицата трае со недели, а е проследена со чуден звук кога дише (звук како рик на магаре) и е придружена со црвенило на лицето, гадење и повраќање, тогаш може да станува збор за голема кашлица (пертусис). Големата кашлица е позната и како „магарешка кашлица“ поради звукот.
Кај постаро дете или тинејџер, кашлицата може да стане навика. Овие „кашлања“ не се вистинска кашлица и се отсутни при спиење.
Кога да посетите лекар за кашлица
Ако вашето дете има еден или повеќе од следниве симптоми, треба да го однесете кај матичен лекар или педијатар:
- Кашлицата трае подолго од две недели со или без настинка.
- Кашлицата започнува одеднаш.
- Кашлицата го попречува спиењето или секојдневниот живот на вашето дете.
- Кашлицата предизвикува потешкотии при дишење.
- Доколку е проследена со висока температура.
- Кожата ја менува бојата и станува сина или многу бледа.
Сепак, во повеќето случаи на кашлица, не е потребна посета на лекар.
Дополнителни испитувања за кашлица
Најчесто при кашлица, не се потребни дополнителни испитувања.
Лекарот најчесто ја открива причината за кашлицата со внимателна анамнеза, а исто така и со испитување и преглед на детето.
Понекогаш, лекарот може да ве упати рентген на градите или анализи на крвта.
Третман за кашлица
Повеќето случаи на кашлица не бараат посебен третман.
На повеќето деца не им се потребни антибиотици како третман за кашлица.
Доколку лекарот утврди дека кашлицата е предизвикана од астма, таа може да се третира со лекови против астма.
Чадот од тутун може да ја влоши кашлицата на вашето дете, затоа чувајте го вашиот дом без чад.
Лековите за кашлица не прават никаква разлика во кашлицата.
Испарувачите и навлажнувачите не ја подобруваат состојбата со кашлицата. Исто така, малите деца може случајно да го проголтаат растворот од апаратот за пареа (обично содржи ментол или еукалиптус) или да се изгорат.
Медот може да го намали времетраењето на кашлицата, но не треба да давате мед на деца помали од 12 месеци поради ризикот од инфантилен ботулизам.
Најчесто кашлицата после настинка се подобрува со текот на времето, без разлика како ќе ја третирате.
Превенција од кашлица
Ако кашлицата на вашето дете е предизвикана од астма, можете да ја спречите со соодветен третман.
Големата кашлица во голема мера е спречена со рутински вакцини (Ди-Те-Пер)!
Минимизирајте го ризикот од вдишување туѓи предмети (страни тела), не дозволувајќи им на малите деца и доенчињата да јадат специфични храни како цели ореви или пак да си играат со мали предмети што лесно можат да ги вдишат.
За жал, не можете да спречите кашлица предизвикана од вирусна инфекција.