Грчеви: што се грчеви?
Што се грчеви?
Бебето има грчеви кога плаче и е вознемирено и тоа се случува често, или трае долго време. Може да започне кога вашето бебе ќе наполни неколку дена или неколку недели.
Ако вашето бебе има грчеви, тоа ќе биде вознемирено и нема да цица редовно. На пример, може лакомо да цица, но наскоро по хранењето изгледа дека повторно е гладно. Или може да не цица доволно, и да се вознемирува кога ќе го ставите на гради или ќе му дадете шише.
Можеби има долги периоди нкога бебето е нерасположено или плачливо, но може и да плаче многу гласно. За време на овој период на плачење, вашето бебе може да ги подигне нозете нагоре, како да го боли. Многу е тешко, па дури и невозможно да се смири или утеши вашето бебе кога е во оваа состојба. Ви се чини дека ништо што правите не му ја подобрува состојбата.
Плачењето може да трае со часови, и често е полошо навечер.
Оваа состојба може да биде многу вознемирувачка за вас, а е често фрустрирачка и за другите негуватели, докторите и медицинските сестри. Но, ако вашето бебе плаче и е вознемирено, тоа не значи дека сте лош родител. Најсигурни и најмирни родители, исто така, можат да имаат бебиња кои плачат многу.
Само малку бебиња со симптоми на „грчеви“ имаат медицински проблеми, па затоа е добра идеја да го посетите вашиот лекар за да го отфрлите ова ако вашето бебе плаче многу.
Плачење и вознемиреност: што да очекувате
Плачењето и вознемиреноста се нормални за бебињата. Во просек, бебињата плачат и се вознемирени скоро три часа дневно - а некои и многу подолго од ова. Плачењето достигнува врв на возраст од околу шест недели, а потоа постепено се намалува како што бебињата растат.
Поголемиот дел од ова плачење и вознемиреност се чини дека се случува во доцните попладневни часови и навечер, иако тоа може да се менува од ден во ден.
Помалите бебиња плачат поради темпераментот, циклусите на спиење и начинот на исхрана. Како што бебињата растат, нивниот плач станува се повеќе комуникација со вас или за нешто во нивната околина. Поради ова, поверојатно е дека че слушнете плач повеќе пати во текот на денот.
Природно е да се грижите за плачењето на вашето бебе. Може да помогне да се знае дека повеќето бебиња плачат помалку на возраст од 3-4 месеци. Ова е фаза која наскоро ќе помине.
Причини за грчеви
Се уште не знаеме многу за тоа што предизвикува грчеви.
Грчевите можат да бидат предизвикани од премногу стимулација, а плачењето може да му помогне на новороденчето да ја преземе контролата врз својата околина. Како вашето бебе да вели: „Доста е! Само ќе плачам за да го стивнам светот '.
Можеби ќе ви помогне да знаете дека повеќето бебиња кои имаат „грчеви“ немаат очигледна физичка или медицинска причина за плачење. Но, ако вашето бебе е многу вознемирено и плаче, добра идеја е да го посетите вашиот лекар за да ги отфрлите следниве можни причини:
- гастроезофагеален рефлукс - ретка, но можна причина за плачење
- инфекција - на пример, инфекции на увото или инфекции на уринарниот тракт
- кила - ингвинална или папочна
- алергија - на пример, на исхраната на мајката или на кравјо млеко
- осип од пелени или друг извор на иритација.
- Стратегиите за смирување може да вклучуваат:
- Возење на вашето бебе со автомобил или прошетка во количка
- Одење наоколу или лулкање на вашето бебе
- Капење со топла вода
- Триење на стомакот или ставање на бебето на стомак и триење на грбот
- Пуштање на звук како отчукувања на срцето или тивки, смирувачки звуци
- Затемнување на светлата и ограничување на друга визуелна стимулација
Грижа на родителите за себе
Грижата за новороденче кое има грчеви може да биде исцрпувачки дури и за искусни родители. Ова се некои едноставни чекори кои можат да ви помогнат да се грижите за себе:
- Менувајте се во грижата за бебето наизменично со вашиот брачен другар, партнер, или пријател.
- Не осудувајте се и запомнете дека тоа е привремено. Епизодите на грчеви често се подобруваат по возраст од 3 до 4 месеци.
- Доколку е потребно, контактирајте со вашиот лекар.