Дијареа
Што е дијареа?
Дијареата е обилна, течна, честа или водена столица. Тоа е вообичаено кај децата.
Симптоми на дијареа
Ако вашето дете има дијареа, ќе има обилна, течна, честа или водена столица. Бојата на столицата може да варира од кафеава до зелена, и може да забележите парчиња делумно разложена храна во неа.
Други симптоми кои можат да доаѓаат со дијареа вклучуваат болки во стомакот или грчеви, надуеност, гадење, повраќање или треска.
Дијареата може да доведе до дехидрација, што може да биде сериозен проблем.
Дали вашето дете треба да посети лекар за дијареа?
Ако вашето дете има помалку од три месеци и има дијареа, секогаш посетувајте лекар.
Исто така, добра идеја е да го посетите вашиот лекар ако вашето дете:
- има хронична (продолжена) дијареа
- има крв во столицата
- губи тежина.
Веднаш однесете го вашето дете во ургентен центар, ако има дијареа и:
- покажува знаци на дехидрација - односно, ако нема мокрача, е бледо и слабо, има потонати очи, студени раце и студени нозе, е поспано или е многу чудно
- не може да ја задржи столицата и има силна болка во стомакот или болки во стомакот што не исчезнуваат
- загрижени сте дека не е добро.
Вие најдобро го познавате вашето дете, затоа верувајте им на вашите инстинкти доколку тоа не изгледа добро. Знаци дека вашето дете има сериозна болест која бара итна медицинска помош вклучуваат силна болка, поспаност, бледа или сина кожа, дехидрација, проблеми со дишењето, напади и намалена реакција.
Тестови за дијареа
Ако дијареата е предизвикана од специфичен вирус, бактерија или паразит, тестот на столица ќе покаже во што е проблемот.
Ако дијареата е хронична, вашиот лекар може да нареди некои тестови за крв и столица за да се исклучат други основни причини.
Третман за дијареа
Течности
Најважно е да бидете сигурни дека вашето дете пима доволно течности.
Дајте му на вашето дете често да пие мали количини - на пример, неколку голтки на секои 15 минути. Најдобро е да користите течност за орална рехидратација како што се Gastrolyte®, Hydralyte ™, Pedialyte® или Repalyte®. Овие течности можете да ги купите без рецепт во аптека.
Ако не можете да купите орален раствор за рехидратација, можете да користите разредена лимонада или овошен сок.Растворете еден дел од лимонада или сок со четири делови од вода. Конценрирана лимонада или овошен сок може да ја влоши дијареата, затоа не му ги давајте на вашето дете.
Ако го доите бебето, продолжете да доите, но хранете го почесто. Можете да му дадете дополнителен раствор за орална рехидратација помеѓу подоитео. Ако вашето бебе се храни со вештачко млеко, дајте му течност за орална рехидратација само во првите 24 часа, а потоа повторно воведете вештачко млеко во помали почести интервали. Сеуште можете да понудите дополнителни орални течности за рехидратација помеѓу хранењата.
Храна
Вашето дете може да одбива храна на почеток. Ако детето е гладно, можете да му дадете се што сака да јаде. Не прекинувајте ја исхраната повеќе од 24 часа.
Дополнителни третмани
Ако вашето дете е многу дехидрирано или не може да задржи никакви орални течности, можеби ќе треба да му се дадат течности директно во вена преку инфузија или преку цевка во носот и во стомакот. Во овој случај, ќе мора да оди во болница.
Не лекувајте го вашето дете со антидијареални лекови. Нема докази што покажуваат дека овие третмани функционираат. Веројатно, на вашето дете не му требаат антибиотици, но вашиот лекар ќе ви каже за најдобрите опции за лекување.
Спречување на дијареа
Ако вашето дете имало гастроентеритис и дијареа, можете да помогнете да се спречи ширењето на оваа инфекција со тоа што ќе бидете сигурни дека сите во семејството редовно ги мијат рацете и не користат исти шишиња, чаши или прибор за храна.
Најдобро е да го држите вашето дете подалеку од други деца и училиште или градинка додека не има дијареа најмалку 24 часа.
Хронична (продолжена) дијареа
Хроничната дијареа може да биде предизвикана од:
- нетолеранција на лактоза (шеќерна компонента на млеко)
- паразитски инфекции како Џардија
- целијачна болест
- нетолеранција на храна
- синдром на иритирани црева
- други поретки состојби како воспалителна болест на дебелото црево.