Препораки за физичка активност, време на седење пред екран и спиење за детето во втората година од животот 

Здравиот живот и правилното формирање на навики бараат соодветна распределба на целокупните дневни активности, што може да се гледа како време на физичка активност (со лесен, умерен или силен интензитет), сон и време кое детето го поминува седејќи. 
Body

Не е лесно да се планираат дневни активности за дете на оваа возраст. Тие се определуваат не само според возраста, туку и од индивидуалните потреби на секое дете. Добро прилагодено време за: физички активности, седечкото време (јадење, возење во автомобил, во количка итн) и време за спиење може значително да влијае врз подобрувањето на здравјето на детето.

Деца во 2 -та година од животот

  • Дете на оваа возраст треба да помине најмалку 180 минути во текот на денот во разни видови физички активности, вклучително и умерена до интензивна физичка активност.
  • Позицијата на релативен одмор во количка, столче, детско седиште во  автомобил или релаксатор не треба да трае подолго од 1 час.
  • Изложеноста на уреди со екран (телевизор, таблет, компјутер, мобилен телефон) не се препорачува до крајот на втората година, кога тоа време не треба да биде повеќе од 1 час со чести паузи и задолжително присуство на родителот.
  • Вие сте најважниот учител на вашето дете, но не заборавајте дека изложувањето на вашето дете на овие уреди може да влијае на тоа како се чувствува и како се однесува, што учи и што мисли.
  • На детето му треба квалитетен сон.  Прилагодете го ставањето на вашето дете да спие според неговите потреби, имајќи предвид дека приближните потреби за дневно и ноќно спиење се од 11 до 14 часа дневно

Лесната физичка активност  вклучува активности за време на кои детето користи 1,5-4,0 пати повеќе енергија отколку во мирување: капење, бавно одење и други активности кои  не резултираат со загревање на телото на детето.

Физичка активност со умерен до силен интензитет вклучува активности каде што детето троши 4-7 пати повеќе енергија отколку за време на  одмор: брзо одење, возење велосипед, трчање и играње игри со топка, скокање, пливање, танцување итн.; при што на детето му станува топло и  се задишува.