Заостанување во развојот

Заостанување во развојот се нарекува состојба кога децата добиваат моторни, емоционални, социјални и комуникациски вештини побавно отколку што се очекува за нивната возраст.
Body

Секое дете се развива различно, што значи дека “нормалниот” развој, кога станува збор за периодот на раното детство, е многу широк поим. Треба да се загрижиме за заостанување во развојот доколку забележиме дека во текот на неколку месеци, комуникацијата на децата, говорот, моторните или социјалните вештини не се развиваат со иста стапка како кај нивните врсници.

Заостанување во развојот може да се случи во одделни области или во повеќе области. Кога се случува во повеќе области, исто така се нарекува општо заостанување во развојот.

Развојните заостанувања можат да бидат минливи и присутни во одреден период на развој или, понекогаш, може да бидат прв знак за долгорочен развоен проблем. Развојните заостанувања кои се присутни во подолг временски период (или трајно) понекогаш се нарекуваат попреченост во развојот. Примери за се: тешкотии во учењето, церебрална парализа, тешкотии во интелектуалниот развој, нарушување на спектарот на аутизам.

Експертите најчесто го користат терминот заостанување во развојот додека се обидуваат да ги утврдат можните причини за тоа. Ако и кога причината е утврдена, тогаш се користи името на соодветната состојба, што ја објаснува состојбата на детето подетално.

Знаци на заостанување во развојот

Загрижени сте за можно заостанување во развојот на вашето дете - што да правам?

  • Како родител, најдобро го познавате вашето дете.
  • Ако сте загрижени за развојот на вашето дете, консултирајте се со вашиот педијатар.
  • Здравствените работници и услуги можат да ги извршат потребните испитувања за да се процени присуството на заостанување во развојот. Понекогаш може да биде потребно упатување на други услуги за дополнителни испитувања.

Професионалци кои им помагаат на децата со заостанување во развојот

Покрај здравствените услуги (педијатар и лекари од други специјалности, медицински сестри), многу други професии се вклучени во спроведувањето на потребните проценки и обезбедување на помош на децата со заостанување во развојот и нивните семејства: специјален едукатор, логопед, физиотерапевт, професионална терапевт, психолог, социјален работник.

Вид овите на помош се препишуваат во зависност од карактеристиките на заостанувањето во развојот.

  • Секогаш е неопходно помошта да се одвива преку партнерство на родителите и професионалците.
  • Покрај работата директно со детето, улогата на професионалецот е секогаш да ви помогне подобро да го разберете вашето дете и/или да ги подобрите вештините за стимулација на развојот.

Потребите на децата чиј развој се одвива поинаку

Како и сите други деца, децата со заостанување во развојот напредуваат во развојот и учењето, иако е потребно повеќе време за да се здобијат со нови вештини. Начинот на кој тие учат нешто ново може да биде малку поинаков и да бара дополнителна поддршка.

  • Повеќето деца учат нови вештини лесно, преку примери. Децата со заостанување во развојот често имаат потреба од постепен пристап и учење преку справување со помали барања. Ова би значело дека новите барања понекогаш треба да се поделат на неколку помали чекори, кои се совладуваат едно по едно.
  • Честопати е потребно повеќе време за целосно усвојување на нови вештини. Затоа е многу важно детето да има доволно можности да ги примени овие вештини во различни ситуации.
  • Во предучилишна или училишна возраст, може да биде потребна дополнителна помош. Најдобро е да се зборува за ова со професионалци, со цел да се договорат мерките за поддршка.
  • Во случај на поизразени тешкотии, може да бидат достапни и други видови на поддршка (на пр. финансиска поддршка).

Кога детето има заостанување во развојот, обезбедувањето помош често може да бара многу дополнителни напори од ваша страна и да доведе до исцрпеност.  Запомнете дека грижата за себе, вашето здравје и благосостојба и наоѓање на лична поддршка се исто толку важни колку и грижата за вашето дете. Ако се чувствувате добро, ќе можете подобро да се грижите за вашето дете.

Причини за заостанување во развојот:

Постојат многу различни причини кои можат да доведат до заостанување во развојот.

  • Некои причини се генетски по природа, а понекогаш се компликации за време на бременоста или породувањето. Што се однесува до заостанување во развојот со пократко времетраење, причините можат да бидат физички болести, долг престој во болница и стрес во семејството. Понекогаш заостанувањата во развојот се резултат на недоволна стимулација и занемарување на потребите на детето.
  • Во многу случаи, причините за заостанување во развојот се непознати.
  • Во секој поединечен случај, неопходно е да се извршат потребните испитувања на детето, со цел да се откријат причините за заостанување во развојот.