Бремени жени и инфекција со КОВИД-19

Нема докази дека бремените жени се изложени на поголем ризик од тешка болест, или дека имаат специфични симптоми на болеста.
Body

Асимптоматски пренос на КОВИД-19 е можен кај бремени жени, како и кај општата популација. Сите бремени жени со епидемиолошка историја на контакт мора внимателно да се следат. Ако инфекцијата е докажана, третманот на бремената жена зависи од клиничката слика. 
До денес, постојат ограничени податоци за клиничката слика и перинаталните исходи по инфекцијата со КОВИД-19 за време на бременоста.  
Засега, нема докази за пренос на вирусот од мајка на дете кога инфекцијата се манифестира во третиот триместар од бременоста. ПЦР тестовите извршени на примерок од амнионска течност, крв од папочна врвца, вагинален секрет, брисеви од грлото на новороденчиња и мајчино млеко биле негативни. 
Доказите за сериозни исходи за мајката или новороденчето по инфекција со КОВИД-19 во третиот триместар се неубедливи.