Ризик од инфекција со КОВИД-19 за новороденчиња и доенчиња

Регистриран е релативно мал број новороденчиња и доенчиња со потврдена инфекција КОВИД-19. Повеќето имаа блага клиничка слика.
Body

Досега, преносот на вирусот за време на бременоста и породувањето од мајка на новороденче не е потврден, ниту пак е докажано присуството на вирусот во мајчиното млеко. 
На шест мајки позитивни на КОВИД-19 им беше направен ПЦР тест на амнионска течност и крв од папочна врвца, и фарингеален брис кај новороденчињата, и сите тестови беа негативни за КОВИД-19. Примероците од мајчино млеко по првата лактација беа исто така негативни за КОВИД-19.
Бројните придобивки од доењето и хранењето со мајчино млеко значително ги надминуваат потенцијалните ризици од пренос и болести поврзани со КОВИД-19. 
Мајката и новороденчето треба да се сместат заедно секогаш кога клиничката состојба на мајката и детето го дозволува тоа, без оглед дали тие или нивните деца имаат сомнителна или потврдена инфекција КОВИД-19. 
Мерките за спречување на пренос на инфекција се задолжителни (често проветрување на просторијата, правилна дезинфекција на површини, миење раце, носење маски додека се грижите и го доите детето).