Зошто е важно вашето дете да се вакцинира

Вакцинацијата е едноставен, безбеден и ефикасен начин за зајакнување на имунитетот на вашето дете и создавање заштита од сериозни заразни болести.
Body

Вакцинацијата е една од најважните компоненти на здравјето на секој од нас. Од првите денови на животот, бебето е заштитено со вакцината од ризик од заразни болести. Попреченоста и смртноста кај малите деца се драматично намалени низ целиот свет, благодарение на вакцинацијата. Ситуацијата што настана во светот со појавата на вирусот Корона и болеста Ковид-19 покажаа колку се важни вакцините за заедницата да се бори и да ги надмине ваквите моќни вируси кои се шират со голема леснотија и брзина кај населението, предизвикувајќи светска пандемија.

Сè додека некаде во светот постојат заразни болести и има вакцини против нив, важно е да го заштитите вашето дете со вакцинација. Тоа е исто така добар начин да се одржи колективниот имунитет на постојните заразни болести и да се има можност да се развиваат и произведуваат нови вакцини против нови болести кои се појавуваат или болести кои се појавуваат периодично.

Ефективноста на вакцинацијата може да се види во примерот на борбата против вирусот вариола вера, кој некогаш предизвикувал тешка, смртоносна болест. Како резултат на успешно спроведената вакцинација во светот, вариолата е болест што повеќе не постои од 1980 година, кога престана потребата за понатамошна примена на вакцината против оваа болест.

  • Што се вакцините? Вакцините се состојат од: мртви или живи, но ослабени патогени (вируси или бактерии), нивни делови или изменети честички на патогени. Тие се дизајнирани да бидат безопасни, но силно го стимулираат имуниот систем на вашето дете да произведува антитела и да создава заштита од овие патогени микроорганизми. Овие антитела стануваат одбрана на вашето дете и секогаш се подготвени да се бранат кога патогените микроорганизми се обидуваат да го нападнат телото.
  • Имунизација и вакцинација Имунизацијата е процес на обезбедување заштита на дете од одредени заразни болести. Оваа заштита може да се обезбеди активно, преку вакцинација, но исто така и пасивно, со давање на готови заштитни фактори, имуноглобулини кои содржат специфични антитела (или моноклонални антитела). Активната вакцинација обезбедува заштита подолго време, додека пасивната вакцинација обезбедува заштита за релативно кратко време (обично само неколку недели).
  • Вакцинацијата е чин на давање вакцина. Оваа постапка намерно поттикнува создавање на антитела кај вашето дете против патоген (бактерија или вирус што предизвикува болест) без да ја развие таа болест. Се изведува: со инјекција (на пр. против дифтерија, тетанус, голема кашлица и сл.) или преку уста (против детска парализа и ротавирус). Некои деца, поради возраст или сериозна болест што го ослабнува или трајно го оштетува имунитетот, нема да можат да се вакцинираат или нема да можат да ги примат сите вакцини. 
  • Колективен имунитет: Имунизацијата ќе го заштити вашето дете од одредени заразни болести, ќе го зајакне неговиот имун систем, но и ќе го спречи понатамошното ширење на болеста. Затоа, важно е доволен број луѓе во заедницата да ја стекнат потребната отпорност, со цел да се забави или целосно да се запре ширењето на бактерии и вируси како причина за овие болести и со тоа да се заштити овој ранлив дел од населението особено оние кои не можат да добијат вакцини.  Оваа заштита се нарекува колективен имунитет.

Со цел вашето дете да развие долготрајна заштита, ќе треба да прими дополнителни дози на вакцина неколку пати на различна возраст.

Не заборавајте да го вакцинирате вашето дете од болести што можат да се спречат со вакцинација, бидејќи тоа го зајакнува неговиот одбранбен систем и може да спаси животи.