Труење со храна

Труење со храна е состојба која може да предизвика гадење, повраќање или дијареа. Труење со храна е предизвикано од јадење лошо складирана или варена храна која содржи микроорганизми, како што се бактерии, вируси или паразити. Следете добри практики за хигиена на храната за да спречите труење со храна
Body

Што е труење со храна?

Труењето со храна е вид на гастроентеритис.

Труење со храна се случува кога се размножуваат микроорганизми во храна како салати, месо, пилешко, морска храна, јајца или сладолед со поминат рок. Микробите се размножуваат затоа што храната е недоволно обработена, слабо загреана или не се лади правилно. Микробите исто така можат да се размножуваат кога храната е подготвена со валкани раце или валкана опрема.

Бактериите кои предизвикуваат труење со храна вклучуваат, Staphylococcus, Campylobacter,Salmonella и Escherichia coli. Некои вируси како што се норовирус, паразити и токсини произведени од бактерии, исто така, може да предизвикаат труење со храна.

Симптоми на труење со храна

Симптомите може да вклучуваат:

  • гадење и/или повраќање
  • болки во стомакот и грчеви
  • гасови
  • течна столица или дијареа, понекогаш со крв
  • главоболка
  • треска

Труење со храна може да се случи во рок од неколку часа до неколку дена по јадење расипана храна. Често трае 24-48 часа за симптомите на труење со храна да се смират.

Симптомите на труење со храна може да бидат потешки кај бебињата отколку кај постарите деца и тинејџери.

Ако вашето дете има симптоми на труење со храна, треба да го следите за знаци на дехидрација.

Дали вашето дете треба да оди на лекар за труење со храна?

Одете на лекар доколку вашето дете:

  • има дијареа која трае повеќе од неколку дена
  • има крвава дијареа.

Однесете го детето во ургентен центар веднаш доколку:

  • има силна стомачна болка и повраќање и не може да ја задржи течната столица
  • не пие и има знаци на дехидратација, вклучувајќи малку мокрача или воопшто не мокри, губи тежина, чувствува замор и екстремна жед
  •  има симптоми на труење со храна и е помало од една година
  • сте загрижени дека вашето дете е исклучително лошо.

Третман за труење со храна

Повеќето случаи на труење со храна се благи, и на вашето дете нема да му биде потребен специфичен третман.

Антибиотици обично не се потребни и не се препорачуваат, но може да се користат за некои видови на труење со храна.

Бидете сигурни дека вашето дете пие доволно течности. Најдобро е мали голтки на раствор за орална рехидратација во редовни интервали. Ова ќе помогне да се спречи дехидратација.

Ако вашето дете е гладно, можете да му дадете да јаде се што сака.

Вашето дете можеби нема да има апетит, но не ја прекинувајте исхраната повеќе од 24 часа.

Спречување на труење со храна

Првиот чекор за спречување на труење со храна е секогаш миење на рацете темелно пред јадење и ракување со храна.

Кога подготвувате храна:

  • измијте ги сите овошја и зеленчук темелно
  • проверете дали месото е свежо и не мириса лошо
  • гответе месо и јајца добро
  • не подготвувајте сурово месо и зеленчук на иста површина
  • не подготвувајте храна за другите да јадат ако сте болни.

Кога повторно загревате храна, направете го тоа темелно.

Бидете сигурни дека ја чувате храната правилно и на вистинската температура, па затоа е заштитена од загадување. И не заборавајте да го проверите датумот на употреба или најдобро да ја подговите храната пред датумот на употреба.

Кога јадете надвор:

  • проверете ја чистотата на ресторанот или продавницата за храна 
  • размислете дали персоналот ги следи добрите хигиенски практики
  • проверете дали храната се чува и служи на правилна температура
  • проверете дали месото е тмелно зготвено
  • јадете купечка храна во рок од неколку часа или ставете ја во фрижидер што е можно поскоро.