Одење во градинка: подготвување
Одење во градинка: зошто е добро да се подготвиме за транзицијата
Во неделите и деновите пред вашето дете да започне да оди во градинка, добро е да го подготвите детето и семејството за таа транзиција.
Ова време можете да го искористите за:
- да проверите дали градинката ги има сите потребни информации за добро да се грижи за вашето дете
- да се подготвите себеси и вашето дете за промената, и практично и емоционално.
Пред вашето дете да започне да оди во градинка: информации што треба да ги дадете на воспитувачите и негувателите
Размислете што воспитувачит и негувателите треба да знаат за вашето дете и кажете им пред тоа да започне да оди во градинка. Ова најверојатно ќе вклучува информации за:
- функционирањето на вашето дете, вклучувајќи ги моделите на спиење, емоционалните и социјалните преференци и сите невообичаени семејни настани што можат да влијаат врз него
- алергии на храна, нетолеранција или други медицински состојби
- каква било помош што му е потребна на вашето дете при одење во тоалет
- активности за учење што ги ужива вашето дете
- каква било загриженост за развојот на вашето дете
- специфични семејни околности што можат да влијаат на грижата за вашето дете - на пример, аранжмани за старателство
- статусот на имунизација на вашето дете.
Во неделите пред одење во градинка: емоционална и практична подготовка
Добра идеја е да започнете да се подготвувате за градинка неколку недели пред првиот ден.
На пример, доколку е можно, би можеле да направите кратки посети на градинката заедно со детето, за да се запознаете со околината, воспитувачите и негувателите. Обидете се да останете околу еден час секој пат и посетувајте во различни периоди од денот. Можеби ќе можете да запознаете некои други родители и да разговарате со нив за нивните искуства.
Можете исто така да започнете да го навикнувате вашето дете на дневната рутина во градинките. Прашајте ја градинката за дневниот распоред и направете го овој дел од рутината на вашето дете дома, ако вашето дете е на соодветна возраст за да го стори тоа. За постарите деца, може да биде добра идеја да ги воведете домашните услови за ручек, игра и спиење според распоредот во градинката.
Во неделите пред да почпне детето да оди во градинка, можете да дознаете кој ќе биде главниот воспитувач на вашето дете. Ако можете да добиете фотографија од овој воспитувач и да зборувате за лицето по име, оваа личност ќе биде попозната за вашето дете.
Читањето или раскажувањето приказни за одење во градинка или создавање нови пријатели може да биде безбеден начин за вашето дете да се запознае со силни емоции и да разбере нови настани. Добро е да ги вклучите сите чувства низ кои може да помине вашето дете - на пример, среќа, уживање, пријателство, тага, вознемиреност, страв и замор.
Позитивниот разговор со вашето дете за новата средина, пријателите, воспитувачите и активностите ќе ви помогне и вие и вашето дете да се чувствувате позитивно.
Ноќта пред да започне да оди во градинка: практични совети
Ако организирате практични работи организирани претходната ноќ, тоа може да ве спаси од брзање во последен момент наутро. Ова може да помогне да се отстрани стресот од првите неколку дена и недели за одење во градинка.
Еве неколку совети за ноќта пред да започнете со грижа за деца:
- Обидете се да се осигурате дека вашето дете јаде здрава вечера.
- Однесете го детето во кревет рано, за добро да се наспие. Ако вашето дете не спие добро, ова може да влијае на неговото искуство следниот ден, затоа известете ги негувателите/воспитувачите.
- Проверете дали сите предмети што вашето дете ги носи во градинка се означени со неговото име.
- Спакувајте ги сите работи што му се потребни на вашето дете, вклучувајќи шишиња, пелени, капа, резервна облека, лекови и здравствен картон.
- Спакувајте специјални предмети со кои детето се смирува, ако градинката го дозволува тоа - како плишани играчки, ќебиња, книги или семејна слика.
- Спакувајте храна ако градинката не обезбедува оброци.
- Почекајте до утрото за да спакувате храна или пијалок за кој е потребно ладење.