Однесување на бебе или мало дете кое може да ве загрижи: страв од непознати
Вашето бебе може да се вознемири кога ќе го држи или ќе му пријде и ќе му се обрати лице кое не му е познато. Ова однесување е вообичаено и обично се јавува помеѓу 7-10 месечна возраст. Може да трае неколку месеци, но може да продолжи и подолго. Обично поминува кога детето има 18-24 месеци.
Body
Што можеш да направите?
Иако стравот од непознати е очекуван во текот на развојот, можете да му помогнете на вашето дете да се чувствува помалку непријатно.
- Не ја игнорирајте и не ја негирајте вознемиреноста на бебето. Тоа може да плаче и да реагира уште поинтензивно од потребата појасно да ви покаже низ што поминува.
- Држете го за рака или држете го во скут кога ќе се запознаете со нови луѓе. Секогаш кога е можно, воведувајте нови луѓе во познато опкружување - во вашиот дом, на пример.
- Ако на бебето му е многу непријатно со нова личност, утешете го и смирете го целосно, па дури потоа обидете се, на пример, да играте сите заедно. За почеток, оддалечете го бебето од новата личност.
- Бидете трпеливи и нежни. Не инсистирајте на контакт помеѓу бебето и новата личност. Не грижете се премногу за тоа како се чувствуваат возрасните - замолете ги да почекаат пред да го земат бебето во раце. Кажете дека бебето учи да запознава нови луѓе и дајте му време да се запознае и да сака контакт со новата личност.
- Бидете мирни - ниту премногу среќни, возбудени, ниту загрижени - кога ќе го запознаете бебето со нови луѓе. Бебето ќе го набљудува вашето однесување и ќе ја процени ситуацијата врз основа на вашите реакции.
- Не се откажувајте од запознавање нови луѓе. Напротив, ставете го вашето бебе во ситуации да запознава нови луѓе. Секогаш поздравувајте ги срдечно, давајќи му до знаење на бебето - со насмевка, пријатен, весел глас, контакт со очите - дека контактот со новата личност е пријатен.
Исклучително силниот страв од непознати може да доведе до социјална анксиозност и непријатност во социјалните односи кога детето ќе порасне. Затоа, важно е да побарате професионален совет доколку сте загрижени дека непријатноста што ја доживува вашето бебе кога запознава нови луѓе е многу интензивна или дека бебето не се смирува дури и кога непознатиот си оди. Побарајте совет и ако стравот од непознати продолжи и по втората година од животот на детето.