Општи препораки за доенчиња со прекумерна тежина и дебели доенчиња
Детето може да добие прекумерна тежина како резултат на прејадување и / или недоволна физичка активност. Промените во животната средина и начинот на грижа за детето, како и можните генетски нарушувања, можат да придонесат за тоа. Вишокот на телесна тежина може да доведе до бројни здравствени проблеми во детството, но исто така и подоцна во животот: деформации на коските и зглобовите, болести на срцето и крвните садови, дијабетес, ментални проблеми: депресија и ниска самодоверба. Ако видите дека вашето дете почнало да добива на тежина, однесете го на лекар / педијатар, за подетален преглед. Постојат некои мерки што можете сами да ги преземете. Препораки за доенчиња Препораки за деца постари од 6 месеци Обрнете внимание на начинот на кој го храните вашето дете. Не принудувајте го да ја јаде целата храна што сте ја подготвиле и почитувајте го неговото чувство на ситост. Охрабрете го да јаде самостојно, со прсти, затоа што тогаш тој најдобро знае кога му е доста. Поттикнете го движењето и физичката активност на вашето дете и создадете услови за најмалку 30 минути интерактивна игра, во различни позиции на подот. Овозможете му добар сон од 12 до 17 часа, во зависност од неговата возраст и потреби. Примената на препораките за правилна исхрана и физичка активност на детето од неговата најрана возраст, ги зголемува неговите шанси за здрав и успешен живот. |