Овошје и зеленчук за деца: слики
Овошје и зеленчук: дајте добар пример и направете го јадењето забава
Бидете пример: доколку сакате вашето дете да јаде овошје и зеленчук, осигурете се дека ве гледа како со уживање јадете секој ден.
Направете о јадењето забавни. Преправајте се дека пирето од компири е „лепак“ на кој сакаат да сепат другите зеленчуци. Дозволете им на децата да „лепат“ на пирето други зеленчуци, како грашок, пченка или сецкан морков.
Направете ја тортилјата со смешна „зеленчукова фаца“ со ставање на зеленчук кој ќе претставува очи, нос, уста и уши.
Зеленчук: ставете во се што можете
Додавајте зеленчук во омилената храна на детето секоаш кога ќе можете. На пример, додадете рендан морков и тиквици во болоњез сос.
Децата обожуваат плескавици, затоа правете плескавици со додавање на зеленчук како грашок, пченка, рендан морков, ситно исецкана брокула или тиква.
Децата сакаат домашно направена супа од тиква или домат, а тие се полни со добри состојки. Послужете ја сумата во нивната омилена чаша или чинија, со додавње на печено лепче кое можат да го потопат во супата.
Направете го овошјето и зеленчукот да биде лесно да се јаде
Сецканото овошје и зеленчук е полесен за јадење за децата. Проверете дали лесно можат да ја излупат бананата за да јадат сами. Одберете мандарини кои лесно се лупат.
‘Јадеме виножито’: направете виножито од овошје со користење на јагоди, ананас, лубеница, киви, црвено грозје, портокали и боровинки. Охрабрете ги децата да го пробаат секое овошје од виножитото.
Во специјални прилики, направете „лижавчиња“ или „ражничи“ од овошје и комбинирајте ги со здрава храна. На пример, ставете сирење или кашкавал на ражничот заедно со овошјето.