Парови

Потребни материјали: Шпил карти.  

Што може да правите заедно: За да започнете, ставете ги картите свртени надолу на земја или друга цврста површина. Колку карти ќе користите ќе зависи од бројот на играчи и колку долго сакате да трае играта - само осигурете се дека имате барем по две од секоја карта (пр. два крала, два кеца, две “двојки” итн).  

Играчите наизменично одбираат по две карти за да пронајдат пар. Доколку картите не се совпаднат, се вртат повторно надолу и одбира следниот играч. Доколку некој играч отвори две исти карти (пр. два џандари, две “шестки”, две "деветки") ги задржуваат картите и повторно одбираат две карти - тие се на ред се додека не изберат различни карти.  

Играчот кој ќе собере најголем број парови на карти е победник! 

Доколку играте со цел шпил карти, паровите треба да совпаднат и со бројот и со бојата - срце со баклава, лист со детелина. 

Ако играте сами, поставете штоперица - колку брзо можете да ги спарите сите карти? Запишувајте го времето и видете дали можете да се победите самите себе следниот пат! 

Што учи вашето дете: Оваа класична игра со карти ја поттикнува и тестира концентрацијата и меморијата. Уште повеќе, обезбедува забава со часови за сите возрасти и може да се игра самостојно или во група - одлична активност за дождливи или зимски денови!