Патка, патка, гуска

Потребни материјали: не се потребни.  

Што можете да правите заедно: Седнете група деца во голем круг на мека подлога или трева. Одберете едно дете да биде „гуска“ и да се движи надвор од кругот, со допирање на главите на другите деца - „патки“. Со секој допир, „гуската“ која се движи кажува „патка“, се додека некое од децата не одлучи да одбере друго дете и да викне „гуска“. Тогаш почнува брканица! Одбраната „патка“ мора да стане и да се трка со „гуската“ пред да го заврши кругот и да седне на неговото/нејзиното место. Доколку „патката“ успее да седне на местото од „гуската“, играта продолжува на истиот начин во следен круг. Доколку пак „гуската“ успее да си седне на своето место, станува „патка“ и играта продолжува со нова „гуска“.

Гинисовиот рекор во играње на „патка, патка, гуска“ е направен во 2011 година, кога 2,145 ученици направиле огромен круг околу училишниот стадион.  

Што учи вашето дете: Активната, имагинативна игра со другарчињата им помага на децата да се стекнат со многу клучни вештини и да ги подобрат своите способности. Оваа класична игра лесно се прилагодува за да се внесат новини и да привлекува внимание. Наместо со трчање, пробајте верзија во која децата треба да скокаат, прескокнуваат или да лазат околу кругот. Или сменете ги зборовите со нивната омилена тема, како пирати, самовили или еднорози!