Планирање однапред: алатка за управување со однесувањето

Некои ситуации го отежнуваат однесувањето од вашето дете со поголема веројатност - на пример, за време на патување со автомобил, пазарење или кога доаѓаат гости. Планирањето однапред може да ви помогне да управувате со ситуации кои се предизвик за вас и вашето дете. За да го планирате однапред доброто однесување, користете ги седумте чекори во ова упатство. Започнете со идентификување на предизвикувачки ситуации.
Body

Зошто планирањето однапред помага во управувањето со однесувањето

Одење на пазар, патување во автомобил, одговарање на телефонски повици, здравствени прегледи, посета на пријатели - ова се настани на кои може да биде предизвик да се задоволат потребите на вашето дете и да ги завршите работите.

Во овие ситуации, постои ризик од проблематично однесување на детето и фрустрација, стрес или гнев од ваша страна. Ова се случува поради неколку причини:

  • Се обидувате истовремено да се грижите за вашето дете, како и да завршите некоја работа.
  • Мора да завршите нешто или да бидете на одредено место во одредено време.
  • На вашите деца им е досадно.

Планирањето однапред може да ви помогне подобро да ги менаџирате вакците предизвикувачки ситуации. Може да се обидете да ги користите нашите седум чекори за планирање однапред. Овие чекори ви помагаат да размислите што предизвикува проблеми со однесувањето и како да управувате со нив доколку се случат.

1. Идентификувајте ги предизвиците

Пред да можете да планирате однапред, треба да ги идентификувате ситуациите кои се предизвик за вас и вашето дете. Ова може да биде време кога сте се чувствувале под стрес, фрустрирани или засрамени од однесувањето на вашето дете.

За да започнете, обидете се да разберете што ја предизвикува ситуацијата. Дали се тоа премногу барања, временски притисок или здодевност? Или можеби средина во која се наоѓате го предизвикува детето да се однесува проблематични — на пример, во продавница - дали детето го предизвикуваат слатки работи кои се на подолните полици и може да ги здогледа?

Исто така вреди да се размислува дали можете да ја избегнете ситуацијата или да побарате некој да помогне. На пример, може да останете дома со детето додека вашиот партнер оди да пазари намирници.

Ако не можете да избегнете некои ситуации, или сметате дека може да помогне ако вашето дете научи како подобро да се справи во ситуацијата, планирањето однапред може да помогне. Чекорите подолу ќе ве одведат низ некои идеи за планирање однапред.

Можеби ќе ви биде корисно да прочитате повеќе за тоа како можете да го поттикнете доброто однесување со промена на опкружувањето на вашето дете.

2. Направете ги очекувањата јасни

Разговарајте со детето пред да одите во предизвикувачка ситуација. Од голема помош е ако сте јасни за тоа што очекувате од ситуацијата и кое однесување е прифатливо.

На мали деца и деца на предучилишна возраст, можете да им кажете што очекувате. Децата на училишна возраст ќе имаат свои идеи, па треба да работите заедно за да развиете специфични правила. Со децата на училишна возраст, овој чекор е повеќе од преговори, но сеуште го имате последниот збор.

Правилата треба да бидат јасни, едноставни и фокусирани на однесувањето што сакате да го видите. На пример, правилата за во чекална кај лекар може да бидат, “разговараме тивко”, “прашај пред да допреш”, “биди нежен со играчките и списанијата” и “играј си на подот до мене”. Вашето дете полесно ќе запомни неколку кратки правила.

Исто така е добра идеја однапред да се согласите за тоа што се случува кога ќе се следат правилата и кога тие се прекршуваат. На пример, за во чекална кај лекар може да му/икажете: “ако останеш блиску до мене и прашаш пред да допреш, можеш да си играш со играчките или да ги разгледуваш сликовниците. Ако заборавиш да останеш блиску до мене или да допреш без да прашаш, ќе седиш на столот до мене една минута”.

Проверете дали вашето дете разбира со барање да ви ги објасни правилата и последиците. Направете го ова повторно пред да влезете во предизвикувачка ситуација — на пример, непосредно пред да влезете во чекалната.

Семејните правила можат да им помогнат и на членовите на вашето семејство и да го направат семејниот живот помирен.

3. Замислете го детето како “ученик”

Тешкото однесување може да се случи затоа што детето нема вештини за да се справи со некоја ситуација. Запрашајте се како можете да му помогнете на вашето дете да научи што да прави во предизвикувачки ситуации. Еве неколку предлози.

Дајте му на детето шанси да вежба и да успее
Кога детето учи нов начин на однесување, ќе помогне ако може да го практикува однесувањето и да успее во полесни ситуации. Откако ќе почне да се справува подобро, може да се обиде да решава потешки ситуации. Еве неколку примери:

  • Пазарење: планирајте неколку кратки шопинг посети за само неколку предмети.
  • Одење на гости/гости дома: организирајте серија кратки посети од/на пријател или роднина.
  • Телефонски повици: организирајте серија кратки телефонски повици.

Размислете кога вашето дете најверојатно ќе биде во најдобро расположение
Ако можете, планирајте предизвикувачки ситуации околу рутинските активности со вашето дете. На пример, обидете се да организирате средби веднаш  по попладневен одмор или после ужина.

Откријте кои вештини треба да ги научи детето
На пример, ако се појават проблеми за време на телефонски повици, вашето дете ќе треба да научи како да каже “извини”, како да чекате да завршите, како да го прифати вашиот одговор и како да биде тивко. Ова се работи за кои може да се зборува. Можете исто така да му покажете на вашето дете како да ги направи овие работи и да го пофалите кога ги прави.

4. Планирајте начини да му помогнете на вашето дете да остане зафатено и ангажирано

За мали деца, планирајте некои активности кои ќе им го задржат вниманието во предизвикувачки ситуации. Подгответе “ранче за излегување”, со пијалок, закуска и неколку мали, но интересни предмети - на пример, хартија и боички, налепници или коцки.

Со ваша помош, децата на предучилишна возраст и децата на училишна возраст можат сами да планираат интересни активности, или можете да ги вклучите во она што го правите. На пример, додека купувате намирници, може да побарате од детето да најде работи на полиците и да ги стави во количката или да ги идентификува боите или зборовите на етикетите. Кога чекате во пошта, можете да играте тивка игра на “јас сум шпион” или “кој сум јас?”

Можете да имате посебни активности само за патувања со автомобил или за време на телефонски разговор. Овие би можеле да бидат аудио книги, музика, коцки и така натаму.

5. Поттикнување на добро однесување

За време на предизвикувачка ситуација, побарајте и поттикнете однесување што ви се допаѓа. Одвојте време да се запре она што го правите во моментот и тогаш да му дадете до знаење на детето дека ви се допаѓа она што го прави.

Може да биде тешко да се запамети да го направите ова, но пофалбата најверојатно ќе предизвика детето да го повтори однесувањето. Обидете се да го фалите повеќе отколку што го критикувате. Како водич, обидете се да го пофалите вашето дете шест пати за секој пат кога ќе кажете нешто негативно.

На пример, за време на пазарење, може да го пофалите вашето дете за тоа што останува близу до вас, зборувајќи со тивок глас и помагајќи ви да најдете намирници. Ако предизвикувачката ситуација е телефонски повик, накратко може да престанете да зборувате за да го пофалите детето затоа што си игра тивко.

6. Користете казни за однесувањето што не ви се допаѓа

Ако ги применувате погоре наведените чекори, веројатноста детето да се однесува добро е голема. Но, најдобро е да планирате и казни што ќе ги користите ако вашето дете не се однесува лошо.

Добрата вест е дека повеќето казни што ќе ги користите дома исто така можете да ги користите на друго место со некои промени. На пример, ако користите „тајмаут“ дома, можете исто така да го користите на пазарење, со тоа што вашето дете ќе седне или ќе застане покрај вас за кратко време во супермаркет.

7. Разговарајте откако се случил настанот

Откако сте се нашле во предизвикувачка ситуација, може да помогне разговор со вашето дете. За време на разговорот, нагласете ги работите што детето ги направило добро и прославете го напредокот што го постигнавте заедно.

Исто така, може да посочите една или две работи што вашето дете може да направи поинаку во иднина. Овие можат да станат вашите цели за следниот пат.