Погоди го предметот

Потребни материјали: Не се потребни.  

Што може да правите заедно: Првиот играч замислува предмет што може да го види во својата околина. Останатите играчи се обидуваат да го погодат замислениот предмет со поставување на прашања на кои одговорот е само „да“ или „не“. Откако некој играч ќе го погоди предметот, улогите се менуваат! Ако играчите кои погодуваат се „предадат“, односно не можат да го погодат предметот, истиот играч ја продолжува играта уште еден круг. 

Можете да и дадете структура на играта со ограничување на брјот на прашања кои можат да бидат поставени. 

Што учи вашето дете: На децата ќе им бидат потребни најдобрите детективски и вештини за набљудување за да го погодат замислениот предмет.. Во играта може да се вклучи целото семејство, а особено е добра додека се возите во автомобил