Помагање на вашето бебе да се смири само

Потребни материјали: Предмети што обично би ги ставиле во креветчето на вашето бебе или во близина на креветчето или на друго место каде што бебето се става да легне. 

Што можете да правите заедно: Многу е важно да го надгледувате вашето бебе кога е вознемирено.  Сепак, ќе забележите дека вашето бебе се повеќе успева да се смири самото - барем на кратко.  Можете да му помогнете со тоа што ќе му обезбедите безбедни предмети во негова близина, што би можеле да го смират.  На пример, дали вашето бебе има мека играчка која сака да ја допира?  Дали има некоја шарена слика која може лесно да ја види? Дали рацете на вашето бебе се во позиција во која тоа може да ги цица и тоа го смирува? Пред веднаш да одите кај вашето бебе, почекајте малку за да видите дали почнува самото да се смирува.   

Што учи вашето дете:  Вашето бебе знае дека може да смета на вас за работите да станат подобри.  Но, тоа исто така учи дека може да направи работи со кои самото може да се смири. Само-смирувањето е важна работа што треба да се научи, почнува сега, но се развива во следните месеци и години. Како и секогаш, од суштинско значење е вашата емотивна поддршка.