Потскокнување
Потребни материјали: Не се потребни
Што може да правите заедно: Време е за потскокнување. Држете го бебето исправено со придржување за рацете на мека површина (идеално на душек или друга мека површина или во скут). Свртете го со лицето кон себе за да се гледате и да види колку уживате во играта. Следете ги неговите реакции. На оваа возраст, нозете на бебето се уште не можат да ја издржат тежината на телото, затоа не дозволувајте да се потпира целосно на нозете, туку придржувајте го додека потскокнува. Се додека се смее, гуга и се радува, помагајте му да „потскокнува“. Додека скока, зборувајте му („сега си долу, сега си горе“, на пример), а исто така можете да пеете песничка или да пуштите музика.
Што учи вашето дете: Оваа активност му помага на детето подоцна да развие говорни вештини и е многу забавна!