Повреди на децата во сообраќајот - што може да направите
Многу е важно да останете смирени и присебни во овие ситуации и да му пружите помош и заштита на детето на професионален начин. Важно е да одржувате контакт и комуникација со детето, да го уверите дека е заштитено и дека доаѓа помош.
Body
- Воспоставете контрола над местото на настанот додека не пристигне брзата помош.
- Отстранете ги сите луѓе кои го попречуваат обезбедувањето помош (лица под дејство на алкохол, лица во паника).
- Проценете ја безбедноста на местото. Ако постои опасност за детето, однесете го на безбедно место.
- Потребни се неколку луѓе за безбедно поместување на детето, поради можноста за повреда на 'рбетот.
- Кај секое тешко повредено дете, треба да се претпостави дека и 'рбетот е повреден. На можни повреди на 'рбетот укажуваат: болки во грбот во мирување или за време на движењата, видлива деформација и оток, тешка подвижност на вратот или грбот, парализа, вкочанетост, чувство на "пецкање".
- Повикајте брза помош на 194.
- Држете го детето во иста положба.
- Покријте го/ја со лесно ќебе или облека.
- Додека не пристигне помошта, држете ја раката на детето и разговарајте со него со смирувачки тон.
Што не треба да правите?
Не го поместувајте детето освен ако не е на опасно место.