Правење „божемски“ оброк

Потребни материјали: Темата на оваа активност (правење оброк) е само пример. Материјалите можат да бидат различни во зависност од играта.

Земете пластични чинии, чаши и лажици; местата и предметите што вашето дете може да ги користи за замислен шпорет и фрижидер може да бидат само картонски кутии или маса; предмети што вашето дете може да ги користи за готвење: саксии или друг прибор (безбеден и мал; предметот не мора да изгледа точно така како што вашето дете се преправа дека е)

Што можете да направите заедно: На оваа возраст, најверојатно, вашето дете често игра „игра во која се преправа“. Оваа активност е пример за тоа како можете да го охрабрите вашето дете да ја направи својата игра малку посложена и да ги вклучи другите.  Во време за игра, изложете ги материјалите за претставата и (во овој пример) кажете: „Баш ќе биде забавно да се преправаш дека подготвуваш оброк - дали сакаш?  Погледни, еве ги (и слично).  Што мислиш, што ќе направиш?“ Продолжете со разговор за божемскиот оброк и продолжете да се преправате дека му давате други состојки на детето.

Потоа, исто така можете да кажете: „Јас (или тато или поголемата сестра) можам да ти бидам помошник.  Што можам да направам за да помогнам?“  Или други лица во семејството можат да се преправаат дека седат и го јадат божемскиот оброк.

Ова и други сценарија за божемско правење нешто може да се играат одново и одново.

Што учи вашето дете:  Поддршка на вештините за размислување на вашето дете кога верува во нешто, преправајќи се (на пример) дека картонската кутија е шпорет или малата топка е јајце). Вклучувањето други во играта, без разлика дали се семејство или други деца, ги зајакнува социјалните вештини и способноста на вашето дете да соработува.