Пречки за физичка активност: како да ги надминете

Вообичаени пречки за физичката активност на децата вклучуваат мирно седење, простор за игра, зафатен распоред на родителите и време поминато пред екран. Погледнете колку време вашето дете седи или движењето му е ограничено, како и вашиот простор, семејниот распод и пристапот до времето поминато пред екранот. Со неколку прилагодувања, ќе можете да направите повеќе време и можности за физичка активност.
Body

Најчести пречки за физичка активност кај децата

За да растат и да се развиваат добро во детството, на децата од различна возраст им се потребни различни количини и видови физичка активност секој ден.

Но, постојат некои вообичаени пречки за физичката активност на децата:

  • долги периоди на мирно седење
  • околината околу вашиот дом
  • зафатени семејни распореди
  • време поминато пред екран

Добрата вест е дека постојат едноставни, практични и забавни начини за надминување на сите овие пречки и за поголема физичка активност во денот на вашето дете.

Избегнување долги периоди на мирно седење

Рестрикции на движењата или предолгото седење може да ги спречи малите деца да имаат доволно физичка активност.

Австралиските упатства велат дека децата на возраст:

  • од 1 до 5 години не треба да седат подолго време или да им бидат ораничени движењата повеќе од еден час - на пример, во количка, седиште за автомобил или столче за хранење
  • од 5 до 18 години треба да ги прекинуваат долгите периоди на седење што е можно почесто.

Еден начин да се надмине оваа пречка е да му дозволите на вашето дете да оди, да се движи или да вози велосипед, тротинет или играчка со туркање кога одите некаде. Тоа можеби ќе го направи вашето патување малку побавно, затоа планирајте однапред и дајте си доволно време да стигнете таму каде што одите.

Ќе има моменти кога вашето дете треба да биде мирно или самото ќе сака да прави нешто што бара помалку активност како што се читање и раскажување приказни, пеење, редење сложувалки или ирање со пластелин итн. Тивките активности и одморот се исто така важни.

Но, ако мислите дека вашето дете седи премногу долго, треба да го охрабрите да стане и да се движи. На пример, да пушти музика и да игра, да скока во место или на трамболина.

Наоѓање простор за физичка активност

Понекогаш околината околу вашиот дом може да ја направи физичката активност потешка.

На пример, можеби немате многу простор за играње дома. Многу родители, исто така, се грижат за безбедноста на нивните населби, така што децата не поминуваат многу време играјќи заедно на улица или во паркови. Некои предградија немаат училишта и продавници во непосредна близина до дома.

За да надминете некои од овие пречки, можете:

  • да го однесете детето во парк, на спортско игралиште, плажа, куќа на пријател или член на семејството, библиотека, училиште или друго место со простор за игра
  • да разговарате со соседите со други мали деца за споделување на надзорот кога децата се надвор или на улица
  • да паркирате или да се симнете од автобус или воз малку подалеку од местото каде што одите и да го пропешачите остатокот од патот.

Прилагодување на зафатените семејни распореди

Зафатените семејни распореди, исто така, можат да го попречат наоѓањето време за физичка активност со деца.

За да ја надминете оваа пречка, можете:

  • да го прилагодите распоредот за да можете да пешачите или да возите со вашето дете до градинка или училиште еден или два дена во неделата
  • да одвоите време за физички активности како што се игри со топка или играње во парк со вашите деца кога не работите.

Можете исто така да разговарате со други родители или луѓе во вашата околина да си помагате едни на други. На пример, можете наизменично да надгледувате група деца што играат активно надвор или да одат пеш до градинка или училиште во различни денови.

Балансирање на времето поминато на екран со други активности

Времето поминато пред уреди со екран е нормален дел од животот за повеќето деца, но понекогаш тоа може да значи дека децата седат премногу долго.

Се е до рамнотежата. Времето пред екран може да биде дел од здрав начин на живот кога децата исто така прават многу други активности, како што се физичка активност, читање, креативна игра и дружење со семејството и пријателите.

Овие седум совети можат да ви помогнат да го балансирате времето на екран кај малите и предшколските деца и времето на екран за деца на на училишна возраст:

  • Направете правила за користење на уредите.
  • Дозволете само кратко време пред уред со екран.
  • Натерајте го детето да се движи, особено надвор.
  • Охрабрете го вашето дете да замислува и создава.
  • Охрабрете ја играта и пријателството со другите.
  • Избегнувајте време пред екран пред спиење.
  • Чувајте ги уредите надвор од спалните соби ноќе.

И кога вашето дете поминува време пред екран, зошто да не го искористите за да го натерате вашето дете да се движи? На пример, можете да пробате работи како што се:

  • планирајте прошетка користејќи дигитална мапа
  • снимајте го детето како учи нова вештина како прескокнување јаже и повторување на снимката за да може вашето дете да се види како учи
  • изборете видео танцови игри или виртуелни спортски симулатори.
Тековните национални и меѓународни упатства препорачуваат децата под две години воопшто да не поминуваат време пред екран освен видео разговори со блиските.