Предности на доењето за време на КОВИД-19

Дали доењето го штити моето бебе? Доењето спасува животи. Истражувањата покажуваат дека, со зголемување на стапките на доење, би можеле да спасиме животи на повеќе од 820.000 деца ширум светот секоја година. Мајчиното млеко обезбедува антитела кои им даваат на бебињата здрав поттик и ги штитат од многу инфекции. Доколку бебето е изложено, антителата и биоактивните фактори во мајчиното млеко може да се борат против инфекцијата со КОВИД-19. Покрај тоа, корона вирусот не е пронајден во мајчиното млеко и не е докажано пренесување преку доење.
Body

Дали доењето го штити моето бебе?

Доењето спасува животи. Истражувањата покажуваат дека, со зголемување на стапките на доење, би можеле да спасиме животи на повеќе од 820.000 деца ширум светот секоја година. Мајчиното млеко обезбедува антитела кои им даваат на бебињата здрав поттик и ги штитат од многу инфекции. Доколку бебето е изложено, антителата и биоактивните фактори во мајчиното млеко може да се борат против инфекцијата со КОВИД-19. Покрај тоа, корона вирусот не е пронајден во мајчиното млеко и не е докажано пренесување преку доење.

Доењето е препорачано од Светската здравствена организација (СЗО) и УНИЦЕФ на глобално ниво и е дел од националните препораки за хранење на новороденчиња и мали деца:

  • Мајчиното млеко ја обезбедува целата храна и вода што му треба на вашето бебе во текот на првите 6 месеци од животот.
  • Не давајте ништо друго, дури ни вода, во текот на првите 6 месеци од животот на вашето бебе.
  • Давање на бебето нешто друго  (каква било храна, кравјо млеко, сок, чај или дури и вода) ќе предизвика тоа да цица помалку и ќе ја намали количината на мајчино млеко што ја создавате.  Ова може да го разболи вашето бебе и да спречи тоа да расте добро.
  • Можете да му дадете лекови на бебето доколку ги препорача вашиот доктор.