Преправање дека се збогуваме

Потребни материјали:  Приказна што ќе ја раскажете, од книга со приказни или некоја што самите ќе ја измислите, кукли, плишани животни или други предмети што можете да ги искористите за да се преправате.

Што можете да правите заедно: На оваа возраст, вашето дете е се помалку вознемирено кога го оставате отколку кога беше помало (на пример кај баба и дедо, со дадилка или во градинка). Еден начин за да му помогнете да се чувствува посигурно е да му раскажете приказна или „да се преправате“.  На пример, можете да прочитате или да измислите приказна за мало девојче или момче чија мајка заминува да оди на пазар. Детето ќе го чува соседот. Приказната може да кажува дека детето не е среќно, но детето мавта за збогум, седи во скутот на соседот, наоѓа играчка за да си игра и е среќно кога мама ќе се врати. 

Овој вид на приказна, или друга, може да се игра со кукли или други материјали. Може да го прашате вашето дете работи како „што може да направиме за малото девојче да се чувствува подобро?  Може ли некој да помогне? “ 

Се разбира, можете да му помогнете на вашето дете посигурно да ги поднесува разделбите за време на секојдневните искуства.  Кога ќе заминувате, задолжително кажете му на вашето дете кога ќе се вратите, кажете му кој ќе се грижи за него во ваше отсуство и дадете неколку идеи за тоа како тоа може да го помине времето додека ве нема.

Што учи вашето дете:  Сите овие искуства ќе му помогнат на вашето дете да стане емоционално посигурно и да може да ги регулира своите емоции. Детето учи како да се справи со вознемирувачките искуства. Тоа исто така учи како да размислува за иднината и како да планира.