Приказни со чувства
Потребни материјали: Книга со приказни со ликови (луѓе или животни) кои имаат многу различни чувства, ИЛИ интересна слика од списание за која можете да измислите приказна.
Што можете да направите заедно: На оваа возраст, вашето дете сака да разгледува книги или слики со вас. Детето забележува што се случува во овие приказни, вклучително и дека луѓето или животните чувствуваат различни нешта. Додека ја читате или раскажувате приказната, можете да му помогнете на вашето дете да ги забележи и самото да изрази некои од овие чувства: „Кутрето е тажно затоа што не може да ја најде мајка му“. (направете тажно лице) „Како изгледа кученцето? Можеш ли да направиш тажно лице? “ или „Што мислиш, што ќе се случи понатаму? Ајде да ја свртиме страницата и да видиме. Леле, малото девојче е толку возбудено - денес и е роденден! Можеш ли да бидеш возбудена како нејзе?“ Можете да истражите многу чувства со вашето дете, користејќи приказни.
Што учи вашето дете: Емоционалниот развој на вашето дете вклучува изразување и разбирање на многу видови чувства. Читањето приказни и раскажувањето приказни можат да помогнат да се поттикне овој развој. Во исто време, читањето секој ден ги развива јазичните вештини и раната писменост на вашето дете - толку важни за подоцнежните успеси во училиштето.