Приврзување: новороденчиња
За приврзувањето со новороденчиња
Приврзување значи дека секогаш одговарате на потребите на вашето новородено со љубов, топлина и грижа. Кога го правите тоа, вие станувате посебна личност во животот на вашето дете, личност на која и верува.
Приврзувањето со вашето новородено е насушен дел од развојот на детето.
На пример, кога вашето новородено го добива она што го бара од вас, насмевка, допир или прегратка, го чувствува светот околу него како безбедно место за игра, учење и истражување. Ова му дава основа за емоционална благосостојба и можност да се спреви со проблеми подоцна во животот. Приврзувањето му помага на бебето да расте ментално и физички. Контакти кои се повторуваат како допир, гушкање, зборување, пеење и гледање во очи предизвикуваат лачење на хормони од мозокот на бебето. Овие хормони му помагаат на детскиот мозок да расте, да почне да развива меморија, мисла и говор.
Како се однесува вашето бебе
Бебињата го користат говорот на телото кога им треба нешто – храна или промена на пелена. Исто така, ќе ви покажат со телото кога сакаат да се поврзат со вас:
- се смеат или ве ледаат во очи – бебињата обожаваат да ве гледаат во очи
- испуштаат звуци, како угање или смеење
- изгледаат релаксирано или заинтересирано
- плачат.
Кога на бебето му треба пауза за одмор, тоа може:
- да гледа на страна, да ги затвори очите и да се прозева
- се бори или се трга на страна
- изледа напнато и вознемирено
- плаче.
Кога ќе научите да ги „читате“ таквите пораки од бебето и да одговарате на нив на вистински начин, го охрабрувате да комуницира со вас повеќе. Ова е многу важно за вашата врска и му помага на вашето бебе да научи за комуникација, однесување и чувства.
Кога ги забележувате знаците ки ви ги дава бебето и секогаш одговарате на нив на топол и нежен начин, тоа ќе се чувствува безбедно. Тоа помага за градење на цврста врска со бебето.
Како да се поврзете со вашето новородено
Поврзувањето со новороденото преку топла и нежна врска го прави да се чувствува безбедно. Еве енеколку идеи:
- Редовно допирајте го и гушкајте го бебето. Нишкајте го и држете го во прегратка на себе, кожа-на-кожа. Или нежно тапкајте го по телото кога му менувате пелена или го бањате.
- Проверете зошто плаче. Нема секогаш да бидете во можност да откриете зошто бебето плаче. Но, со одговор на овој знак, ќе му помогнете да се чувствува безбедно.
- Направете бебето да се чувствува физички безбедно. Обезбедете му добра потпора на главата и вратот кога о држите. Гушкањето му го дава чувството на сигурност и топлина која ја имало додека било во вашата утроба.
Можете да се поврзете со вашето новородено и со давање можност да гледа, слуша и чувствува предмети и звуци. Тоа о стимулира мозокот и му овозможува да се развива. Пробајте нешто од следново:
- Зборувајте му на бебето почесто, со смирен глас. Можете да му раскажувате што правите или да му кажувате приказни. Ова му помага на бебето да го препознава вашиот глас и во развојот на говор подоцна.
- Пејте му песни. Најверојатно ќе ги сака ниските и високите тонови на вашиот лас, како и ритамот. Тивка музика може да ви помогне и на двајцата да се смирите.
- Гледајте го во очи додека му зборувате или пеете и правете различни изрази на лицето. Ова ќе му помогне да ја научи поврзаноста помеѓу зборовите и чувствата.
- Стимулирајте го неговото сетило за допир. Од раѓање, вашето новородено може да осети и најнежен допир. Пробајте нежно да го допирате по стапалата со мека крпа додека му менувате пелена. Зборувајте му за тоа – на пример, ‘убаво ти е?’
Кога поврзувањето не е лесно
Најверојатно ќе се поврзете со новороденото уште првиот пат кога ќе го видите. Но, во ред е и нормално доколку тоа не о почувствувате веднаш. Понекогаш ќе поминат недели или месеци за да го разберете и да се поврзете со вашето бебе. .
Неколку сугестии за побрзо поврзување:
- Дајте си време за уживање со бебето. Грижата за новородено е напорна задача, но најдете време да бидете заедно не правејќи ништо друо. Може само да го држите до себе, да му раскажувате приказна или да му пеете песничка. Бебето ќе сака да го слуша вашиот глас, дури и да му читате најобичен весник .
- Погледнете го светот од перспектива на бебето. Замислете си што леда бебето, што чувствува или се обидува да направи. Откријте што навистина сака а што не сака. На пример, дали е друштвено бебе што оди кај секого во прегратка без проблем?Или сака да о гледа светот во сиурноста само на вашата прегратка?
- Бидете флексибилни. Најголемиот дел новороденчиња немаат јасни периоди на спиење преку ден и ноќ. Затоа не можете да очекувате дека вашето новородено веднаш ќе развие рутина за спиење. Најдобро е да ги препознавате знаците кога бебето сака да цица, спие или игра.
Вие сте најважниот дел од животот на бебето. Доколку сте загрижени за својот однос со него, побарајте помош. Помошта кога бебето е мало може да направи многу за двајцата. Доколку ви е потребма, најдете помош – ако сте физички и ментално здрави, подобро ќе му ја дадете љубовта и комфорот кој му е потребен на вашето бебе.
Поврзување со повеќе од еден негувател
Вашето бебе ја создава својата приврзаност со луѓето кои најчесто се грижат за него, како вие и вашиот партнер. Тоа исто така може да изради приврзаност кон луѓе кои постојано и со љубов се грижат за него и прават да се чувствува безбедно. Тоа можат да бидат вашите родители, дадилки или постари деца.
Приврзувањето со повеќе од едно лице му помага на вашето бебе да научи за доверба и блискост со луѓе. Исто така може да ви олесни на вас и вашиот партнер да правите друи работи, како на пример да одите на работа, да пазарите и да ги извршувате домашните обврски. Ви дава и одмор од секојдневната грижа за бебето.