Проблеми со забите кај мали деца
Раст на заби кај мали деца
Многу луѓе мислат дека децата кога им растат заби:
- плачат многу или изгледаат екстра вознемирени
- не се хранат како и обично
- ставаат во уста предмети како играчки, кукли и цуцли
- повеќе ги полнат пелените
- го влечат увото на истата страна каде што излегува забот.
Овие знаци може да бидат предизвикани од раст на забите - или може да бидат само дел од развојот или резултат на мали инфекции и болести.
Кога растат заби: работи што треба да ги пробате
Ако сте загрижени за тоа дека растот на забите е болен за вашето дете, можете да пробате:
- дајте му на некој предмет што може да го гризе, како на пример ладен, но не замрзнат гумен обрач, четка за заби или гумена кукла
- гответе исситнети јадења, на кои им треба помалку џвакање
- давајте му на вашето дете нешто цврсто, како двопек без шеќер, да го шмука.
Гелови за заби обично не се препорачуваат затоа што не помагаат во ублажување на болката. Тие исто така можат да имаат штетни несакани ефекти.
Ако вашето дете не е добро, секогаш е најдобро да го однесете на лекар - особено ако има треска или дијареа или сте загрижени за какви било други симптоми. Можеби проблемот не се забите.
Цуцла, цицање палец и крцкање со заби
Многу мали деца сe уште ги сакаат своите цуцли. Но, можеби е добра идеја да го охрабрите вашето дете да се откаже од цуцлата во оваа фаза.
Цицањето палци или прсти е природен рефлекс кај бебињата и малите деца. Повеќето деца го надраснуваат и се откажуваат од цицање палец на возраст од 2-4 години.
Вообичаено е малите деца да ги крцкаат забите и оваа навика обично не бара третман. Некои деца доста цврсто ги стегаат вилиците, а други ги крцкаат забите толку силно што прави бучава. Некои деца ги крцкаат забите за време на спиењето. Често, тие не се будат кога го прават тоа - но тоа им смета на возрасните!
Најчесто, крцкањето со заби не трае и не ги оштетува забите на вашето дете. Но, тоа може да доведе до вашето дете да има главоболки и болки во забите или вилицата, или да ги истроши забите. Ако тоа трае подолго време или сте загрижени, можете да разговарате со вашиот стоматолог.