Продавница

Потребни материјали: Различни предмети за домаќинството што треба да се „продаваат“ во продавницата; парички, картички или каса; налепници; пенкало или молив; дигитрон (по желба)

Што можете да направите заедно: Соберете различни предмети за продавницата - ова може да бидат играчки, книги и ДВД, облека, конзервирана храна и овошје. Потоа натерајте ги децата да напишат цени користејќи налепници. За колку би сакале да го „продадат“ секој предмет? Помладите деца можат да користат жетони, па дури и џамлии наместо пари (им треба само нешто што можат да го заменат за „да купат“).

Следно, одлучете кој ќе ја игра улогата на продавач а кој ќе биде муштерија. Ако играте со пари, поделете ги монетите така што купувачите можат да купат различни предмети, а продавачот може да им врати кусур.

Купувачите мора да одлучат кои предмети би сакале да ги купат, земајќи предвид колку пари треба да потрошат. Потоа, продавачот мора да ја пресмета вкупната цена (напамет, со пенкало и хартија или со дигитрон), да ги земат парите и да го пресметаат кусурот.

Децата треба да наизменично да играат различни улоги. Охрабрете ги да изберат различни предмети за купување и продавање, така што ќе вежбаат многу при собирање и одземање на броеви!

Што учи вашето дете:  Игрите со преправање се фантастичен начин малите деца да ја истражат својата имагинација, да развијат социјални вештини и да изградат самодоверба. Понатаму, продавницата за играње им дава на децата можност да ги стават своите аритметички вештини на тест и да вежбаат ракување со пари.