Прво патување со бебето

Ако патувате со бебето за прв пат, важен е добар план и организација на патувањето. За да може бебето да биде безбедно, возете го во сертифицирано и правилно инсталирано седиште за автомобил, соодветно за неговата возраст и бидете сигурни дека бебето е правилно заштитено со појас секој пат.
Body

Кога бебето има 2 месеци и нема здравствени проблеми, можете да тргнете на пат. Најудобно патување со бебе е во автомобил.

Бебето на седиштето во автомобилот и едниот родител треба да бидат на задното седиште. До вас треба да имате дополнителна торба со резервни пелени за еднократна употреба, подлога за пресоблекување, облека, крема, влажни марамчиња, шише вода, тенко ќебе и играчки.

Можеби нема да можете да му ја смените пелената на бебето во тоалетите во местата за одмор покрај пат, затоа секогаш носете со себе подлога за менување што можете лесно да ја раширите на седиштето во автомобилот за да ја смените пелената на бебето.

Ако не го доите вашето бебе, треба да понесете се што ви треба за да подготвите вештачко млеко. Најдобро е да патувате рано наутро или доцна попладне, ако патувате во лето. Ако одите на долго патување, климатизацијата во автомобилот е неопходна (посетете сервис пред да тргнете на пат). Инсталирајте штитници за сонце на прозорците на автомобилот.

За време на патувањето, направете чести паузи (на секои 2 часа) по 30 минути. Пред паузата (околу 10 минути), исклучете ја климата, а потоа отворете ги прозорците кога ќе застанете за да избегнете „шок“ на температурата.

Често е неопходно детето да се забавува додека се вози, за да не се вознемирува возачот; направете го тоа со соодветни играчки. Избегнувајте да давате тврди играчки на дете во возилото, бидејќи тие можат да го повредат детето при сопирање.