Работи кои му помагаат на моето семејство

Потребни материјали: Хартија и молив, хартија исечена на ленти; список на едноставни секојдневни задачи или работи кои вашето дете е во можност да ги направи, напишано по една на секоја лента хартија. Примери: стави облека во корпа за алишта, земи ја поштата и стави ја на масата, стави вилушки и лажици на масата за појадок, избриши ги стапалките што ги направи кога влезе дома. (Ова ќе зависи од вашиот начин на живот и од вештините на вашето дете).

Што можете да направите заедно: Разговарајте со вашето дете за тоа дека расте. Поттикнете го вашето дете да избере работа што може да ја прави секој ден за да ви помогне вас и на другите во семејството.  Прочитајте на глас некои од работите напишани на ливчињата хартија (или побарајте од вашето дете да ги затвори очите и да избере една од нив). Согласете се дека ова ќе биде работа на вашето дете секој ден во текот на следната недела, или во кој било период во кој што сакате да го прави тоа. Може да ги менувате работите во тек на неделата.

Доколку е потребно, покажете како да ја заврши работата која се бара од него, охрабрете го и потсетете го. Пофалете ги напорите на вашето дете, какви и да се. Бидете специфични во пофалбите, не само „Браво!“ туку „гледам дека многу внимателно си ја избришал масата. Сега е супер чиста! “ Особено пофалете ја независноста на вашето дете во извршувањето на задачите.

Што учи вашето дете: Вашето дете учи дека неговите нови вештини се важни за него и неговото семејство (и, подоцна, за училницата и заедницата).  Вашето дете практикува многу вештини кои му овозможуваат да си помогне самото себе  (да се облекува независно, на пример) и да учествува во домашниот живот. Оваа постепена, растечка независност е знак на позитивен развој.