Рачно изработен музички инструмент
Потребни материјали: Она што го имате при рака и може да ви послужи како сад, на пример, празно и измиено шише или кутија, заедно со се' она што можете да го користите како полнење за да правите звуци: тестенини, ориз, житарки, стари копчиња, камчиња, штипки итн. Оваа играчка содржи многу мали делови, секогаш затворете го садот цврсто и погрижете се за безбедноста на детето.
Што можете да направите заедно: Земете го садот и измијте го и исушете го добро. Ако садот е проѕирен, тогаш вашето бебе може да ја набљудува содржината што ќе ја ставите внатре. Потоа наполнете го за да може содржината да се движи и да произведува звук. Вашата играчка-ракотворба е подготвена.
Дајте му го на бебето и охрабрете го да ги истражи сите негови карактеристики - да набљудува што има внатре, како се движи кога ќе го помести или протресе, кога ќе го допре, притисне или слушне сите звуци што играчката може да ги направи. Секој пат кога вашето бебе ќе направи нешто со играчката, именувајте ја неговата намера, резултат или чувство - на пример: "Еј, тука има камчиња!" или „Што имаме тука, мали зрна ориз“. „Еј, како звучи кога ја удираш! или „Ти се допаѓа како крцка?“.
Можете да ја користите оваа активност за време на вашето слободно време, дома во затворени простории или во двор, било каде надвор, имајќи ги во предвид здравјето и безбедноста на детето.
Што учи вашето дете: Оваа активност му помага на вашето дете да истражува различни звуци и карактеристики на играчки со тресење, удирање, фрлање и обрнување внимание на деталите. Вашето дете активно користи груби моторни вештини.