Се гледам во огледало
Потребни материјали: Огледало
Што можете да направите заедно: За време на оваа активност, вашето малечко ќе научи да се препознава себеси преку визуелна перцепција, односно гледање во огледало.
За оваа активност, седнете до вашето малечко за да можете да му кажете на пример „ова мало човече си ти“, „мама е до тебе“, „какво слатко бебе“, „ова е твоето носе“, „ ова е твојата уста”. Смислете и други позитивни изјави што можат да му помогнат на вашето малечко.
Што учи вашето дете: Сето ова ќе му помогне на вашето дете да започне да ги идентификува и развива движењата на телото преку набљудување и да ве препознава во огледало.