Се хранам сам/а

Потребни материјали: Мали парчиња храна во кои ужива вашето бебе; место за вашето бебе да седи со храна пред него.

Што можете да направите заедно: Ова е возраст на која многу бебиња навистина почнуваат да јадат сами. Вашето бебе веројатно сè уште не користи лажица, но и прстите можат да послужат за тоа! Ако сè уште не сте започнале, почнете со ставање парчиња вкусна храна кои бебето може да ги дофати. Тоа може веднаш да земе едно парче и да го стави во устата. Ако го направи тоа, покажете ја вашата возбуда („ти јадеш сам/а!“ или „дали бананата е вкусна?“). Можете и сами да грицкате парче, покажувајќи колку уживате. Или ставете едно парче во устата на вашето бебе и проверете дали тоа го прави истото.

Што учи вашето дете: Во зависност од вашите културни традиции и развојот на вашето дете, може да продолжите повремено да го храните вашето бебе. Сепак, поттикнувањето да се храни само ја зајакнува неговата координација и вештина во користењето на прстите. Ова се вештини кои, години подоцна, помагаат детето да започне да црта и пишува. Кога разговарате со вашето бебе во ова време, исто така го поттикнувате развојот на говорот (на пример, имиња на храна).