Се облекувам!

Потребни материјали: Секојдневна облека на вашето дете.

Што можете да направите заедно: На оваа возраст, вашето дете може да покаже интерес да се облекува (или, почесто на почетокот, да се соблекува).  Да, поефикасно е да го направите тоа вие, но поминете некое време давајќи му на вашето дете шанса „Направи сам!“

Најдете моменти кога не брзате.  Можеби е најлесно да се започне со соблекување за време на капење. За ова и зa облекување, обидете се да изберете облека што е особено лесна за облекување и соблекување. Можете исто така да го поттикнете вашето дете да ги облече најлесните делови, едно по едно.

Збогатете ја оваа активност со разговор додека сте заедно.  Именувајте предмети, бои и така натаму и опишете што прави вашето дете: „Ете, ја стави раката во ракавот на кошулата.  Тоа е супер!"

Што учи вашето дете:  Самостојното облекување е важна вештина за „самопомош“ што ќе стане од суштинско значење кога детето ќе започне да оди во училиште. Исто така, го гради чувството за компетентност и независност на вашето дете. За да дознае како да облече некоја дел од облеката, на вашето дете му требаат вештини за размислување, да планира што прво да прави, кој дел каде оди итн. Јазикот и комуникацијата се зајакнуваат и кога разговарате со вашето дете за некоја задача што му е многу интересна.