Сечење на ноктите на бебето

Бебешките нокти не треба често да се сечат. Обидете се да ги сечете ноктите додека вашето бебе е мирно или поспано, или пејте или одвлекувајте му го вниманието на некој друг начин. Бебињата може да добијат инфекција околу ноктите на рацете или нозете. Ако видите знаци на инфекција, одете на лекар.
Body

За ноктите на вашето бебе

Бебешките нокти не треба да се сечат многу често.

Кај новороденчињата, ноктите се меки и се кршат сами по себе преку контакт со облеката на бебето. Постарите бебиња ги кршат ноктите додека играат и комуницираат со нивната околина.

Премногу долги и остри нокти може да предизвикаат гребнатини на телото, вклучувајќи ги и очите. Бебешките нокти растат доста брзо, затоа, треба да ги сечете ноктите на рацете и нозете колку што е потребно. Можете да ги користите специјални ножици за нокти или грицкалки. 

Како да ги сечете ноктите на вашето бебе

Обидете се да ги исечете бебешките нокти кога вашето новороденче спие, е многу мирно или поспано

Овие совети за сечење на ноктите можат да ги олеснат работите:

  • Бидете сигурни дека имате многу светлина, за да можете да видите добро.
  • Сечете ги кога има некој друг со вас - еден го држи бебето додека другиот ги сече ноктите.
  • Нежно повлечете го прстот нагоре за да избегнете сечење на кожата.
  • Сечете ги ноктите на нозете рамни, за да се спречи враснување на ноките.

Еве и неколку совети за да го задржите вашето бебе среќно додека ги сечете ноктите:

  • Разговарајте мирно или пејте муе.
  • Обидете се да го одвлекувате вниманието на вашето бебе со играчка или активност. Ова често успева со постарите бебиња.
  • Пофалете го вашето бебе за да ви помогне да завршите. Ова може да ви помогне и двајцата да се чувствувате добро за да ја завршите работата.

Ако случајно ја исечете кожата на вашето бебе и таа почне да крвари, нежно притиснете мека крпа на местото додека крварењето не престане. Не ставајте облоги, бидејќи вашето бебе може да го стави во уста.

Ако сте загрижени за исеченото место, одете на лекар.

Малите бебиња имаат тенденција да се гребат случајно затоа што немаат контрола врз рацете и нозете. Тие, исто така, сакаат да го истражуваат своето лице со рацете, што е опасност за гребење на очите. Може да го спречите гребењето со покривање на рацете со еден пар на меки памучни ракавици или чорапи. Но, обезбедете му на бебето неколку часа без ракавици за да се истражува и да си игра со своите раце.

Знаци на изгребани очи вклучуваат:

  • Црвено око — “белките” на окото ќе бидат многу болни и црвени
  • Прекумерни солзи
  • Вашето бебе одеднаш се вознемирува
  • Гребаници околу окото
  • Симптоми на само едното око.

Ако се сомневате дека вашето дете има гребаница на очите, одете лекар кој ќе одлучи дали да стави маст на окото. Но, не грижете се! Повеќето гребнатини на очите не се премногу сериозни и совршено ќе заздрават со соодветен третман

Проблеми со бебешки нокти

Прилично честа појава кај малите бебиња е да добијат инфекција (наречена паронихија) околу ноктите на рацете или нозете. Ова често поминува само од себе, без потреба од третман. Но, можеби ќе треба да ставите мала количина антисептички крем или течност на ноктите.

Понекогаш оваа инфекција може да се прошири понатаму во кожата на прстот или палецот, предизвикувајќи областа да стане отечена и црвена.

Ако го забележите ова, одете на лекар. На бебето можеби ќе му треба антибиотик за инфекцијата. Ако ставате крем за лекување на инфекцијата, бидете сигурни дека ќе му ставите ракавици или чорапи по нанесувањето, за да не може да ги стави рацете или нозете директно во устата.