Си играм и учам да одам
Потребни материјали: Омилени играчки или рачно изработени играчки, перници, мек мебел, кутии.
Што можете да направите заедно: Наредете го мебелот така што детето може да се движи низ собата и да оди помеѓу меки парчиња мебел додека се држи за парчињата мебел. Ова поттикнува одржување рамнотежа при одење. За да го охрабрите детето да ги направи првите чекори, кога тоа е во стоечка положба и е соочено со друга личност, охрабрете го да зачекори кон другата личност која го повикува или држи омилена играчка или други предмети (понекогаш самото лице е доволен мотив).
Децата уживаат во играчките кои можат да се туркаат или влечат. Ако немате таква, направете едноставна играчка што може да се влече со тоа што ќе заврзете парче волна, подебел конец за плетење или меко јаже (долго околу 60 см) низ кутија или калем со конец. Врзете топка или пластичен прстен на другиот крај за да служи како рачка.
Голема кутија може да биде одлично место за седење и играње. Децата сакаат да користат големи амбалажи како нови мали простори во кои може да ги собере и каде уживаат. Охрабрете го детето да влезе, да излезе од кутијата или да седи во неа ... Направете мост или тунел од кутијата за тоа да помине низ него на другата страна, каде што го чекате вие или неговата омилена играчка.
Направете терен со неколку препреки во просторијата со помош на кутии, мали душеци, перници или парчиња мек мебел, така што детето може да се движи за да ги надмине тие пречки, да се преврти или да ги премине, да оди под нив и преку нив.
Детето учи дека различни играчки „прават“ различни работи. Дозволете му да игра со разни работи што може да ги преврти, да ги турка, повлече, прегрне, тресе, притисне, сврти, или да ги меша. Повеќето деца уживаат да слушаат музика. Охрабрете го детето да се движи напред, наоколу и назад со музиката, бидејќи на тој начин тој вежба рамнотежа. Доколку е потребно, помогнете му држејќи го за раце. Сето ова ги поддржува неговите нови вештини за одење.
Што учи вашето дете: Оваа активност му помага на вашето дете да научи да се движи независно во различни насоки, со различна брзина или да комбинира различни движења (да престане да се движи и да мавта). Тоа е толку мотивирано да ја совлада оваа вештина што ќе очекува да го посветите секој слободен момент од вашиот живот за да го поддржите во совладување на оваа толку важна животна функција. Ве молиме, создадете средина што детето ја бара!