Синдром на ненадејна смрт кај доенчиња - причини и превенција
Синдром на ненадејна смрт кај доенчињаНајчесто се случува во сон, кај деца до една година, вообичаено помеѓу вториот и четвртиот месец од животот на доенчето и многу почестокај машките деца, во зима и кај децата кои не се дојат.
Синдром на ненадејна и необјаснива смрт во детството
Се јавува кај деца постари од една година, слично како предходниот синдром најчесто се случува во сон., но многу поретко отколку кај доенчињата.
Вистинската причина за појавата на овој синдром се уште не е јасно утврдена, иако научниците веруваат дека комбинацијата на развојните карактеристики на детето, мајките и факторите на животната средина доведува до негово појавување.
Најчести фактори на ризик се:
- позиција - спиење на стомак
- спиење на премногу меки површини
- спиење во ист кревет со родителите
- меки играчки и перници во креветчето
- предвремено породување или мала тежина при раѓање
- неможноста на телото да открие вишок јаглерод диоксид во крвта
- тешкотии да се разбуди детето
- прегревање на телото
- изложеност на чад од тутун за време на бременоста и по раѓањето
- несоодветна пренатална нега
- лоши социо -економски услови за живот
- бебиња близнаци или повеќекратна бременост
- краток интервал помеѓу две бремености
- возраст на мајката под 20 години
- инфекции на респираторниот тракт.
Како да се намали веројатноста за појава на овој синдром?
- Бебето треба да спие на грб (бидејќи тоа е најбезбедната положба - ја намалува веројатноста за СИДС за 50%).
- Бебето треба да спие во сопственото креветче.
- Бебето не треба да спие во ист кревет со родителите, туку треба да спие во иста просторија со нив.
- Во креветчето на бебето не треба да има играчки (особено кадифени), перници или потешки постелнини (јоргани, потешки ќебиња итн.).
- Да се избегнува прегревање на просторијата во која спие бебето и премногу топло облекување на детето. Температурата во просторијата треба да биде 18-22 ° C)
- Не го изложувајте бебето на чад од тутун - не пушете во просторијата каде што престојува детето, а најдобро е целосно да избегнувате пушење дома.
- Користете аларм за бебиња - за постојано следење на детето и неговата состојба.
- Доите го бебето најмалку шест месеци, бидејќи доењето ја намалува можноста за инфекции на респираторниот тракт, кои се еден од факторите на ризик за развој на овој синдром.
- Кај постарите деца, важна е соодветна исхрана и режим на спиење - детето не треба да легне веднаш по оброкот.
- Ако детето има потешкотии да се разбуди - ова и слични нарушувања треба да се пријават кај педијатарот.
Во моментов не постојат производи или препарати на пазарот чија употреба може да спречи синдром на ненадејна смрт. Познавањето на основите и техниките на прва помош и кардиопулмонална реанимација се од суштинско значење за спречување смртни случаи и им се препорачува на родителите да ги научат овие вештини.